Тестостеронот во нашиот организам се шири преку рецепторите и оди од мозокот, преку коските се до крвните садови. За утврдување на неговото ниво во организмот се вршат тестови кои вклучуваат вадење крв. Тристотини нанограми на децилитар крв или помалку значи дека тој недостасува во организмот. За среќа, со помош на терапија можат да се остранат негативните ефекти од оваа состојба.

Овој хормон е круцијален за градење на мускулите и за добро ,,функционирање,, во кревет, па затоа мора да се обрати внимание на следниве симптоми и задолжително да се посети доктор ако се забележи барем некој од нив, бидејќи неговиот недостаток покрај овие може да биде причина и за многу други посериозни тегоби.

Недостиг на желба за секс

 

Еден од најпознатите и најчести симптоми е намаленото либидо. Всушност, речиси секој пациент, за кого постои сомневање дека има мало ниво на тестостерон, се жали дека има недостаток на сексуален апетит. Освен намалена желба за секс, овие мажи помалку маструрбираат и поретко имаат фантазии и еротски соништа.

 

Намалување на мускулите

 

Зголеменото ниво на тестостерон во телото создава анаболичка состојба, односно процес во којј се градат мускулите. Тоа во пракса значи дека нашиот организам со производството на протеини ќе формира процеси кои ќе го спречат намалувањето на мускулите. Коа ќе опадне нивото на тестостеронот, телото влегува во катаболичка состојба и тогаш доаѓа до разложување на мускулното ткиво. Тоа најдобро се гледа ако одите редовно во теретана, каде и покрај преголемиот труд мускулите ви опаѓаат.

 

Проблеми со пенисот

 

Без квалитетен проток на тестостерон, ткивото на пенисот, скротумот и тестисите ќе атрофираат и ќе се намалат. Како резултат на се доаѓа до намалување на должината и ирината на пенисот. Исто така, се намалува и производството на сперма, но со помош на терапија многу брзо може да се врати старата ,,слава,,.

 

Поголем стомак

 

Дури и кога ќе почнете да губите на масата, еден дел од телото ќе почне да расте. За жал, тоа е стомакот.

 

Послабо помнење

 

Проблемите со размислувањето и губење на помнењето се чест симптом кај мажите со намалено ниво на тестостерон. Во една австралијанска студија од 2015 година, мажите чие ниво на тестостерон паѓал во период од 5 години имале значително помали резултати на тестовите за ментална функционалност и помнење.

 

Лошо расположние

 

Некои од нус-појавите од недостаток на тестостерон, покрај сексуалната дисфункција и проблеми со килограмите, е и долготрајното нерасположение. Според податоците од истражувачите од списанието Endocrine Journal, 23% од младите мажи со недостиг на овој важен хормон имаат проблеми со некаков облик на депресија, во споредба со само 5% од мажите кои имаат нормално ниво на тестостерон.

 

Слабеење на коските

 

Коските се всушност живо ткиво кое постојано се оштетува и регенерира. Кога нивото на тестостерон ќе опадне и коските почнуваат да слабеат. Затоа често како резултат на ова се намалува густината на коските и доаѓа до остеопороза и фрактури.

Срцеви проблеми

 

Поделени се мислењата на експертите во врска со прашањето за поврзаноста на недостигот на тестостерон и срцевите болести. Од една страна, лекарите се на мислење дека ниското ниво на овој хормон го зголемува ризикот од смртност предизвикана од срцеви тегоби. Се смета дека причината за тоа е што тестостеронот ги отвора крвните садови кон срцето. Другото мислење е поткрепено со некои истражувања кои велат дека терапиите со тестостерон предизвикуваат неправилна работа на срцето, посебно кај постарите мажи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина