Вишокот на телесна тежина и дебелината се глобални проблеми на денешните модерни луѓе. Не само што согорувањето на мастите е тешка задача сама по себе, но и забавениот метаболизам и стареењето го прават процесот на согорување на мастите уште потежок. Кога ќе го започнете овој процес на согорување на масти, колку повеќе знаења имате, толку полесно ќе можете да напредувате и да ги исполните вашите цели. Овие факти за согорување на мастите дефинитивно ќе ви помогнат во борбата против вишокот на маснотии во организмот.

1 . Дури и кога се одмарате , вашето тело сеуште согорува калории за да се одржи и да обезбеди доволно енергија потребна за многуте биолошки процеси како дишење, мислење , создавање топлина итн… Но, бројот на калории согорени од страна на мускулната маса и и мастите, додека се одмарате, не се исти . Половина килограм мускулна маса согорува околу 60 калории на ден само за да се одржи, додека половина килограм маснотии согорува околу 15 пати помалку – околу 4 калории на ден. Заклучокот би бил тој дека колку повеќе мускулна маса имате – толку полесно ќе биде согорувањето на несаканите маснотии.

2 . Кога ќе се обидувате да ги согорите вишокот масти, не е неопходно драстично да го намалите вашиот дневен внес на калории. Многу поважно е мудро да ја изберете храната која ја внесувате, како и времето на оброците. Добро би било да започнете да го почитувате старото правило 40 % / 30 % / 30 % ( протеини / јаглехидрати / масти) и да ја прилагодите вашата исхрана според него.

3 . Јаглехидратите (особено оние кои имаат висок гликемиски индекс , како простите шеќери) се оние кои го активираат производство на инсулин во телото. Високите нивоа на инсулин ќе го забават процесот на согорување на мастите и ќе го складираат вишокот јаглехидрати во форма на масти. Високите нивоа на инсулин исто така предизвикуваат исцрпеност и желба за храна.

4. Еден едноставен начин да започнете да согорувате повеќе масти и да го намалите вкупниот дневен внес на калории е да престанете да пиете сокови и засладени пијалоци. На луѓето вообично им е потешко да ја ограничат количината на внесената храна, но елиминирањето на безалкохолните (газирани и негазирани)пијалаци и нивна замена со обична вода, кафе или чај е многу полесно.

slabeenje_2

5. Доколку се фокусирате на внесување повеќе протеини во вашите оброци ќе ја забрзате изградбата на мускулите и ефектот на согорување на мастите. Вашите оброци не треба да бидат комплицирано, може на пример да изедете едно јаболко и еден whey protein шејк или една рака бобинки и малку урда. Оваа високо-протеинска ужинка ќе ви помогне во процесот на согорување на мастите и ќе ви помогне да ги задржите тешко заработените мускули.

6. Периодот по интензивниот тренинг, е времето во кое треба да консумирате најмногу од препорачаната дневна количина на јаглехидрати и секако, голема количина на протеини. Ова е период кога гликогенот во вашето тело е истрошен и производството на анаболни хормони е зголемено. На вашето тело му се потребни јаглехидрати и протеини за да ја обнови својата енергија и да ги опорави мускулите.

7. Вежбањето со оптоварување, всушност, ќе го забрза процесот на согорување на мастите преку зголемувањето на вашата мускулна маса. Изведувањето само на кардио вежби не е вистинскиот начин за согорување на масти, бидејќи вие ќе изгубите на телесна тежина, но исто така ќе изгубите и многу мускулна маса – што ќе направи да изгледате ковчесто слаби. Најдобро би било да правите 3-4 вежби со тегови неделно за да постигнете најдобри резултати.

8. Губењето на тежината преку правење само кардио вежби можеби и не е најпаметното нешто што би требало да го направите, но тоа не значи дека треба целосно да ги прескокнете кардио вежбите. Покрај многуте здравствени придобивки, тие исто така, на одреден начин ви помагаат да ги согорите мастите преку забрзувањето на метаболизмот. Три или четири сесии кардио вежби во должина од 20-30 минути неделно, ќе направат драматични промени за вашиот изглед.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.