Според онлајн советникот “WebMD”, кој може да ви помогне да проверите дали симптомите кои ве измачуваат укажуваат на некоја потешка болест, постои начин како целосно да се доведете во ред. На сајтот пишува дека метаболизмот се забавува за 5% секоја деценија, a тоа значи дека жените на секоја деценија мора да намалуваат по 100 калории за да останат во истата форма.

 

Сепак, постои далеку полесен начин да ослабнете и да го согорите вишокот калории кој ве измачува. Ако имате 40 и повеќе години, овие совети се и повеќе од корисни.

 

 

Правете ги вистинските вежби

 

Како што метаболизмот почнува да се забавува, не е доволно да правите кардио вежби, туку мора да почнете и со тренинзи за издржливост. Вежбите како што се ножички, исчекори и стомачни ќе ја зајакнат мускулната маса и ќе го согорат вишокот калории.

 

 

Поставете реални цели

 

Треба да бидете свесни за тоа дека повеќе не може да ослабнете за две недели. Ако ви се случи да почнете нагло да ја губите тежината, мора да појдете на доктор, бидејќи тоа може да значи дека нешто нее во ред со вашето здравје. Подобро е да усвоите здрави навики и да слабеете полека, отколку да се изгладнувате.

 

 

Земајте витамини

 

Телото има различни потреби во текот  на различни периоди од животот. За жените во четириесеттите години е многу важно да земаат калциум, витамин Б12, калиум, магнезиум, витамин Д, Омега-3 и пробиотици.

 

 

Направете распоред

 

Правилните, редовни оброци треба да ви станат приоритет. Прескокнувањето на оброците го збунува вашиот метаболизам и со тоа дополнително го забавува. Појадокот треба да биде најважниот оброк, бидејќи така ќе се спречите да грицкате преку целиот ден.

 

 

Не заборавајте да се одморате

 

“Сонот за убавина” не само што е добар за вашата кожа, туку и за слабеењето исто така. На ненаспаните им е потребна дополнителна енергија, а со самото тоа и повеќе храна во текот на денот. Оние кои убаво спијат, помалку јадат

 

 

Намалете го греењето

 

Звучи чудно, но е точно – постудените температури помагаат во согорување на мастите дури и за време на спиење. Тоа се случува поради тоа што телото мора дополнително да ,,работи,, за да остане топло. Возрасните имаат два типа на масти: бели, кои се штетни, и кафеави, кои се добри за организмот. Кафеавите масти се одговорни за калориите и за регулација на топлината. Научниците советуваат да се оддржува температурата на 19 целзиусови степени.

 

 

Пијте доволно вода

 

Некои луѓе се склони кон надувување и прават голема грешка што одбегнуваат вода, мислејќи дека така си помагаат. Напротив, ако пиете доволно вода, ќе се ослободите од овој проблем. Освен тоа, доволна количина вода помага да се согоруваат калориите и да се детоксифицира организмот. Ако пиете студена вода, ќе имате и дополнително согорување на калориите, бидејќи телото ќе мора да се загрее.

 

 

Проверете го своето здравје

 

Понекогаш во четириесеттите не можете да симнете ниту грам, и покрај сите свои напори. Тоа може да значи дека вашиот црн дроб бара детоксификација или дека морате да ја преконтролирате работата на тироидната жлезда.

 

 

Тагови: слабеење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина