За предностите и штетноста од кафето врз здравјето речиси секојдневно се зборува во угледните медицински списанија и на Интернет порталите. Повеќето се согласуваат со тоа дека кафето е добро ако се консумира во умерени количини – две до три шолји на ден. Кофеинот, најконсумираниот стимуланс, има свои добри страни, како што се подобро помнење и поголема будност, но од друга страна многумина велат дека откажувањето од кофеинот им го променило животот на подобро. Погледнете кои 8 работи кои ќе ви се случат ако решите да го исфрлите кофеинот:

1. Ќе се чувствувате лошо (но, само некое време)

Бидете подготвени во првите седум до десет дена да се чувствувате лошо, што е последица од скратувањето на консумирање кофеин во организмот, кој се навикнал на него. Може да почувствувате замор, главоболки и силни промени на расположението. Поради тоа би било добро на луѓето околу себе да им кажувате дека сте престанале да консумирате кофеин, за да имаат повеќе разбирање за вашите промени на расположението.

2. Ќе ослабнете

Многу често не сме ни свесни колку калории внесуваме пиејќи пијалоци кои содржат кофеин. Проблемот не е во кофеинот, туку во шеќерот кој им се додава на пијалоците кои го содржат овој стимуланс, како што се газираните пијалоци како и некои видови кафиња во кафеаните, кои се преполни со калорични слатки состојки.

3. … или ќе се здебелите!

Кофеинот привремено го поттиснува апетитот, поради што ќе чувствуваме поголем глад кога ќе престанеме да го пиеме. Затоа најдобар избор е да се пие обично црно кафе без шеќер, бидејќи тоа не содржи состојки кои дебелеат.

4. Ќе спиете подобро и ќе имате повеќе енергија

Сонот може да ви го наруши и кофеинот кој сте го внесле во организмот шест часа пред да си легнете. Ќе се разбудите уморни и ќе ви треба уште повеќе кофеин, па така се продолжува во круг. Затоа луѓето кои воопшто не внесуваат кофеин имаат поцврст и поздрав сон од оние кои многу малку внесуваат кофеин. Додека телото ќе ви се навикнува да функционира без кофеин, многу е веројатно да чувствувате замор, но подолгорочно ќе имате повеќе енергија отколку додека сте пиеле кофеин.

5. Ќе бидете посмирени

Кофеинот е стимуланс кој го подига нервниот систем и лачењето на адреналин, што не прави понервозни и поподложни на стрес. Покрај тоа, ги стеснува крвните артерии, па така го зголемува крвниот притисок.

6. Ќе имате поздраво варење

Познато е дека кофеинот и кафето го поттикнуваат варењето, но поради својата висока киселост кафето неретко може да предизвика и дијареја. Елиминирањето на кофеинот ќе направи многу во спречувањето на итните посети на тоалетот.

7. Ќе ви недостасуваат антиоксиданси

Кафето е голем извор на антиоксиданси, елементи кои се важни за работата на целиот организам. Но, исто така и зелениот чај е еден од најголемите извори на антиоксиданси, па ако решите да се откажете од кафето и да го намалите внесувањето на чај, почнете да јадете повеќе овошје и зеленчук.

8.Ја намалува количината на железо

Причините за недостиг на железо во организмот зависат од возраста и многу се различни. Но, некои од виновниците за тоа се кафето, шеќерот и енергетските пијалоци богати со кофеин, кои можат да ја намалат апсорпцијата на минерали и железо во организмот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина