Тајната на пронаоѓање на вистинскиот пилинг лежи во пронаоѓањето на текстурата која одговара на вашиот тип на кожа. Ако пилингот е премногу нежен, голема е можноста да не бидете задоволни од добиените резултати, а во случај тој да е со премногу груба текстура, ќе завршите со црвена и иритирана кожа! За среќа, постои голем избор на природни пилинзи. Погледнете кои се природни пилинзи можете да ги користите за да ви заблеска лицето.

 

1. Суво миење
Сувото миење е едноставно неверојатно. Тоа е најлесен и најефикасен за природен пилинг на кожата. Сувото миење е ајурведска пракса која вклучува користење сува четка (препорачливо со природни влакна) и лесно триење на површината на кожата пред чистење. Бидејќи овој метод прво ги отстранува старите, изумрени клетки од кожата, можеби потоа нема да ви биде потребен сапун. Овој метод може да се користи на целата површина на кожата на лицето. Па, поради тоа што кожата на лицето е почувствителна, особено е неопходно да се има четка за лицето.

2. Сода бикарбона

 

piling7
Ова е само една од многуте практични употреби на сода бикарбоната. Ако досега не сте ја користеле во полза на убавината, крајно време е да почнете. Натопете го лицето со топла вода и нежно со прстите, со кружни движења, нанесувајте ја сода бикарбоната. Масирајте нежно. На крај измијте го лицето и тоа е тоа – ќе имате сјајна и нежна кожа.

3. Шеќер

piling6
Каков било шеќер е одличен за оваа цел, иако најдобро е да употребувате органски шеќер од трска. Шеќерот е природен извор на гликолна киселина, а нејзината висока киселост и лесна растворливост ја прават одлична состојка за пилинг. Додајде му малку кокосово или ладно цедено маслиново масло, па дури и лимонов сок, кој е исто така добар. Натопете го лицето со топла вода и нанесете ја оваа смеса и лесно тријте со кружни движења. Потоа измијте го лицето и исушете го.

4. Морска сол

 

piling5

 
Морската сол е груба, па третманот со неа не им се препорачува на оние кои имаат чувствителна кожа. Доколку сепак сакате да пробате, треба да бидете многу нежни и да не го практикувате многу често овој пилинг. Истото важи за солта и шеќерот.

5. Талог од кафе

piling4

 
Талогот од кафе има одлична текстура, која нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата и и дава сила на кожата, а исто така му дава уште една предност на омиленото утринско кафе. Додајте му 1 – 2 капки есенцијално масло, како што е лаванда, грејпфрут или лимон, за да добиете поголемо чувсто на свежина.

6. Мед и јагоди

piling3
Исто како шеќерот, важно е да користите органски мед, посебно свеж, кој има неверојатни лековити ензими, кои ќе бидат многу подобри за вашата кожа. Во малку мед додадете испасирани јагоди и нанесете ја смесата на лицето. Медот е природна антибактериски и антиинфламаторна состојка, додека семките од јагодите се одлични за пилинг и за отстранување на мртвите клетки.

7. Авокадо (со семка)

piling2
Најпосле можете да ја искористите семката од авокадото. Оставете ја семката да се исуши на суво место околу една недела. Потоа сомелете ја во блендер заедно со половина авокадо и ќе добиете одлична смеса за пилинг.

8. Овесна каша

 

piling1
За овесната каша се вели дека има смирувачки ефект врз кожата, а како состојка за пилинг може да биде совршен пилинг за оние кои имаат чувствителна кожа. Измешајте малку овесна каша со топла вода и нанесете ја на лицето и вратот. Потоа измијте ја и исушете го добро лицето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина