Причината за затнување на дишните патишта може да биде престојот во затворена и недоволно проветрена просторија или недостигот на сончеви ултравиолетови зраци, кои ги убиваат вирусите.

 

Намалената телесна температура исто така е погодна за развој на вирусите. Која и да е причината, кога сте болни она што најмногу ви треба е ефикасна помош.
Наместо да посегнувате по комерцијални средства за ублажување на симптомите (кои можат да имаат штетни последици), најдобрите решенија се секогаш оние кои се наједноставни.
Тоа се природни средства кои се користат од дамнина.

 

 

Вода

 

Од исклучителна важност е телото да биде добро хидрирано, посебно ако дишните патишта се многу затнати и не може да се дише на нос. Пијте многу вода и консумирајте бистра супа, што ќе помогне слузта од дишните патишта побрзо да се излачи надвор.

Задолжително одбегнувајте супстанции како алкохол, кофеин и засладени сокови, кои дополнително дехидрираат.

 

 

Зачини и јаболков оцет

 

Еден од начините со кои ќе го забрзате исфрлањето на слузта од организмот е консумирањето рен, ѓумбир и лута пиперка – намирници кои делуваат и антибактериски. Јаболковиот оцет исто така може да помогне и во чистење на затнат нос и синуси.

 

 

Инхалација

 

Ова е најпогодниот начин за чистење на дишните патишта. Со класична инхалација, можете да ја направите и со помош на врели бањи или навлажнувачи на просторот. Истовремено ќе ви даде и добро чувство и добар мирис, посебно ако додадете неколку капки етерично масло од еукалиптус или лута мента.

 

 

Масажа

 

Брзинската масажа на лицето ќе даде вистинско и моментално олеснување од симптомите на грип и настинка.

Со кружни движења, 10 секунди масирајте ги носниците.

Потоа 20 секунди правете го тоа кај коренот од носот и потоа уште 10 секунди масирајте ги јагодиците на образите.

На крај, 20 секунди лесно масирајте го коренот на ушните ресички.

 

 

Миење со солена вода

 

Набавете го популарниот Нет пот, којшто по изглед наликува на мал чајник и којшто е наменет за измивање на носната шуплина. Налејте солена вода во него и така прочистите ја несаканата слуз и другите токсини.

 

 

Екстракт од семки грејпфрут

 

Екстрактот од семки од грејпфрут е природен антибиотик кој може да се разреди и да се користи како спреј за нос. Покрај што ја чисти слузта, исто така го превенира влијанието на микробите и нивниот понатамошен развој во воспаленото ткиво.

 

 

Куркума

 

Присутна во многу индиски и некои европски јадења, куркумата е природно противоспалително средство и антиоксиданс.

Ги чисти дишните патишта и делува како природен антибиотик. Можете да ја користите како облога која ќе ја ставите на носниот отвор и преку неа ќе вдишувате воздух.

 

 

Ѓумбир

 

Ако куркумата во комбинација со пикантниот корен на ѓумбирот ја ставите во врел чај, ќе добиете ефикасно средство за чистење на синусите. Ваквиот чај го намалува притисокот во синусите и ги отвора затворените канали. Коренот на ѓумбирот во исто време е одличен и за ублажување на желудочните тегоби, кои можат да настанат како последица од желудочен грип.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина