Како што ни е добро познато, портокалите се здрави од многу причини. Тие содржат големи количини витамин Ц, имаат ниско ниво на шеќери и калории, содржат антиокиданси и влакна и помагаат при слабеење. Но, дали знаете дека портокалите имаат позитивно влијание врз имунолошкиот систем? Без разлика дали сакате или не да јадете портокали, овие причини сигурно ќе ве натераат да ги вметнувате почесто во секојдневната исхрана.

1. Ги оддржуваат бубрезите здрави

Помогнете им на бубрезите да останат здрави со јадење на барем еден портокал на ден. Уште подобро ако сакате сок од портокали. Тој е голем извор на природен облик на цитрат, кој го забавува формирањето на камења во бубрезите и го намалува ризикот од болест на бубрезите во целост.

2. Го забавуваат стареењето

Портокалите имаат моќни својства против стареењето, бидејќи содржат антиоксиданси. Витаминот Ц ја штити кожата од оштетувањата од УВА и УВБ зраците, го стимулира производството на колаген, ја спречува пигментацијата и воспалението на кожата.

3. Го прават срцето посилно

Портокалите се богати со калиум, есенцијален минерал кој го јакне срцето. Ниското ниво на калиум може да доведе до абнормален срцев ритам, посебно доколку патите од болест на срцето. Со оглед на тоа што недостигот на калиум е чест проблем денес, од голема важност е во секојдневната исхрана да вклучите храна која е богата со него, а тука секако спаѓаат и портокалите.

4. Ослободете се од вирусните инфекции

Консумирањето на намирници кои се богати со полифеноли може да ви помогне да го зајакнете имунолошкиот систем, што ќе ве заштити од вирусни инфекции. Исто така, полифенолите се добри при елиминирањето на канцерогени елементи, како и на алергени.

5. Содржат влакна

Влакната играат многу важна улога во контролата на холестеролот, со што се намалува ризикот од артериосклероза. Влакната, исто така, помагаат во оддржувањето на дијабетесот во нормала, со оглед на тоа што го регулираат нивото на шеќер во крвта. Портокалите се богати со влакна, па од тука нивното консумирање ќе ви помогне да ја подобрите општата здравствена состојба.

6. Го подобруваат здравјето на очите

Во текот на летниот период очите најмногу страдаат. Затоа треба да се заштитат. Но, единственото решение за тоа не е само носењето на очила за сонце. Намирниците кои се богати со витамин А подобро ќе ја завршат работата од кои било очила. Не само што ќе го зачуваат видот, туку ќе помогнат и во спречувањето на макуларната дегенерација на окото. Портокалите не се најдобриот извор на витаминот А, но еден филџан портокали содржи 8% од дневната препорачана доза на овој витамин.

7. Се борат против слободните радикали

Слободните радикали ги напаѓаат клетките во телото и можат да доведат до сериозни оштетувања во организмот, па дури и до рак. Портокалите се богати со витамин Ц, кои ги заштитува клетките во организмот и ги неутрализира слободните радикали.

8. Го подобруваат здравјето на мозокот

Витаминот Б9, кого портокалите го содржат во изобилство, го поттикнува здравиот развој на мозокот и значително му ја зголемува силата. Токму од таа причина, им се препорачува на трудниците да јадат повеќе портокали, затоа што така ќе спречат кај плодот да се развие некакво невролошко нарушување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина