Кога станува збор за губење на косата, постојат бројни причини за него, така што може да бид тешко да се открие зошто дошло до засилено опажање на косата и како да се поправи таа непосакувана ситуација. Мора да ја разбиеме предрасудата дека само мажите оќелавуваат. Губењето на косата е чест проблем и кај жените – и тоа многу поголем отколку што мислат луѓето. Истражувањата покажуваат дека барем една од три жени пати од губење на косата или намалување на волуменот на косата во некој момент од животот. Како прво, постојат различни видови губење на коса.

 

Генетска предиспозиција

Постои шанса жената да е генетски предиспонирана да има тенка коса, што значи дека може да види како прогресивно и постепено и се намалува волуменот на косата. Кај овие случаи одредени фоликули на косата се чувствителни на машките хормони и таа чувствителност предизвикува постепено намалување на фоликулите, а тие почнуваат да произведуваат покуси влакна со секој циклус на растење на косата.

 

Хормонска нерамнотежа

Таа може да предизвика бројни проблеми со здравјето, но и со убавината – од акни, се до прекумерна дебелина. Ако хормоните се во дисбаланс, тоа ќе се одрази врз целото тело, а секако и врз косата. Хормоните играат голема улога во регулирањето на циклусот на раст на косата. Естрогените (женските хормони) се ,,пријатели на косата,, и помагаат во оддржувањето на нејзиниот оптимален раст. Андрогенте (машките хормони) не се баш ,,пријателски расположени,, кон косата и можат да го скратат циклусот на раст на влакната.

 

Стрес

Не е никаков мит дека од прекумерен стрес буквално може да ни испаѓа сета коса. Како доаѓа до тоа? Па, стресот може да поттикне проблеми со скалпот (како на пример перут) да ги наруши прехранбените навики и дигестивниот систем – а сето тоа делува негативно врз косата.

 

Недостиг на железо/анемија

Една од најчестите причини за губење на косата е недостигот на железо. Имено, железото е неопходно за производство на протени за клетките на косата, а без тоа косата ќе страда.

 

Хипотиреоза и хипертиреоза

Штитната жлезда помага во регулирањето на метаболизмот на телото, така што го контролира производството на белковини и ткивното користење на кислородот. Секоја неизбалансираност на штитната жлезда може да влијае врз фоликулите на влакната. Ако хипотиреозата не се лекува, тоа може да доведе до анемија.

 

Недостиг на витаминот Б12

Недостигот на овој витамин доведува замор и недостиг на енергија. А, може да настрада и косата. Недостигот на витаминот Б12 често доведува до губење на косата, бидејќи може да влијае на црвените крвни зрнца кои го пренесуваат кислородот во ткивата.

Драстично губење на телесната тежина

Големиот пад на телесната тежина може да влијае врз косата. 6 – 12 недели по драстична загуба на тежината, без разлика дали е намерно или ненамерно, косата почнува повеќе да опаѓа. Секоја нутритивна нерамнотежа прво се огледува на косата. Тоа е уште една од причините зошто треба да се одбегнуваат драстичните диети и наместо нив да се води здрав, избалансиран начин на живот.

 

Старост

Ако жената минува низ период на климактериум или треба да  влезе во него, промените кои настануваат во телото можат да имаат влијание врз косата. И косата старее. Колку сме постари, толку таа станува се потенка. Тоа е нормален дел од процесот на стареење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина