Јачменот е житарка која изобилува со витамини Б-комплекс, магнезиум, манган, селен, цинк, протеини, диетални влакна. Може и да се пие или да се додава во салати, варива и варен зеленчук. Сите овие благодети на оваа лековита житарка можете да ги искористите за да подготвите јачменова вода.

 

Постапка:

 

Измијте го јачменот под млаз вода, а потоа потопете го и оставате го да отстои во вода најмалку 4 часа. Процедете го и измешајте го со 3 – 4 шолји вода. Ставете го на оган и варете го додека не почне да вари. Потоа намалете ја температурата и оставете го да продолжи да се вари поклопен 45 минути до еден час, додека зрната не омекнат. По ова време оладете го, процедете. Пијте 1 до 2 шолји јачменова вода на ден. Ако сакате да го подобрите вкусот, додадете малку лимонов сок или мед. Оваа вода е добра за следниве здравствени проблеми.

 

Помага кај уринарни инфекции

 

Оваа лековита течност е одличен диуретик и помага за функционирање на уринарниот тракт. Покрај тоа, јачменовата вода делува позитивно на бубрезите и има антивоспалително дејство.

 

Поттикнува слабеење

 

Јачменовата вода е одличен напиток за оние кои сакаат да ослабнат. Содржи многу влакна и подолго време ве држи сити. Покрај тоа, овој напиток го забрзува метаболизмот на маснотиите. За да го забрзате слабеењето, пијте по 3 чаши јачменова вода на ден.

 

Намалува холестерол

 

Со глед на тоа што содржи многу нерастворливи влакна, јачменовата вода го регулира нивото на лошиот холестерол во крвта и така влијае позитивно на кардиоваскуларното здравје.

 

Го чува срцето

 

Покрај тоа што го регулира нивото на холестеролот, јачменовата вода го чува и срцето, со тоа што делува превентивно на настанокот на атериосклерозата.

 

Помага во варењето

 

Со оглед на тоа што има алкална природа и е богата со влакна, јачменовата вода е одлична за здравјето на системот за варење и помага при запек, хемороиди и гастритис. Овој напиток се препорачува и во случаи на дијареја, со цел да се надоместат загубените течности и да се врати рамнотежата на електролитите.

 

Го контролира нивото на шеќер во крвта

 

Јачменовата вода им се препорачува на оние кои патат од дијабетес, бидејќи помага во стабилизирањето на нивото на гликозата во крвта. Покрај тоа, јачменот го намалува ризикот од дебелеење и така делува превентивно на појавата на дијабетесот тип 2.

 

Ја негува кожата

 

Јачменовата вода помага во исфрлањето на токсините од телото и со тоа кожата ја оддржува здрава и сјјана. Покрај тоа, јачменот ја содржи и состојката наречена азелаик, која делува ефикасно против акни и ги намалува воспаленијата. Антиоксидансите и јачменот ги спречуваат слободните радикали да ги оштетат клетките, а со самото тоа ја одложуваат појавата на знаци на стареење на кожата. Јачменовата вода може да се користи и како маска. Нанесете ја на лицето, оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте ја.

 

Го јакне имунитетот

 

Јачменовата вода е вистинска имунитетска бомба која содржи многу лековити состојки, како Б витамини, железо, цинк, магнезиум, селен… Исто така, и бета-глуканите во јачменот играат важна улога во јакнење на имунитетот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина