Целосниот замор, исцрпеноста и недостигот на енергија можат да бидат показатели за бројни здравствени состојби. Освен премногу работење и премалку сон, причините можат да бидат многу посилни.

 

Еве некои вообичаени причини:

 

Недоволно сон

 

Спиењето не е само одморање. Додека спиеме, во телото се одвиваат многу процеси на самоодбрана, па затоа е потребно на време да се легнува. Во текот на ноќта е активен хормонот за раст, протеин кој го произведува хипофизата, а игра улога во создавањето на здравите мускули и цврстите коски. Освен тоа, влијае на насобирање на маснотиите во телото, посебно на делот од стомакот и помага за рамнотежа на холестеролот. Овој хормон исто така влијае и врз функцијата на мозокот, што може да доведе до замор, недостиг на сила и издржливост, па и симптоми на депресија. За да се зачува оптималното ниво на енергија, треба да се има минимално 7 часа ноќен сон.

 

Брза храна

 

Шеќерот од брзата храна нагло го зголемува нивото на енергија, а долгорочно го прави токму спротивното. Истражувањата покажуваат дека брзата храна го забавува метаболизмот и не прави безволни.

 

Недоволно течности

 

Заморот може да биде последица и од дехидрација. Препораката е дневно да се пијат по 8 чаши вода. Ако не сте сигурни дали ви недостасуваат течности, погледнете со која боја ви е урината. Таа треба да биде со светло жолта боја. Ако е со потемна боја, значи дека е време за чаша вода.

 

 

Недостиг на витамин Б

 

Витаминот Б е потребен за митохондриите да ја претворат гликозата во енергија. Повеќето од нас не го добива овој витамин преку исхраната, па затоа треба да се зема како додаток во исхраната. Земајте витамин Б наутро и навечер. Ако патите од недостиг на енергија, проверете го нивото на витаминот Б12 и на витаминот Д во организмот. За потешки облици на недостиг од Б12 постојат и годишни инјекции.

 

Инфекција

 

Инфекцијата и воспалението на мозокот може да предизвика недостиг на енергија. За превенција од бактериските инфекции, консумирајте пробиотици, а за вирусните почесто мијте ги рацете и одбегнувајте заситени масни и едноставни шеќери.

 

Физичка активност

 

Физичкат активност го снабдува телото со кислород, а тоа ја зголемува енергијата. Предлогот е денот да се започне со лесна утринска прошетка, а по потреба забрзајте го темпото.

 

Хормони

 

Бројни хормони влијаат на нивото на енергијата. Ако сакате да ги проверите хормоните на надбубрежната жлезда, поставете си го следново прашањедали сум гневен и раздразлив кога сум гладен во толкава мерка за да бидам во состојба да направат кривично дело? Ако одговорот е да, може треа да ја проверите функцијата на надбубрежната жлезда.

 

Отпорност на инсулин

 

Отпорноста на инсулинот, претходникот на дијабетесот, го отежнува претворањето на шеќерот во енергија. Во тој случај, шеќерот се складира во масти наместо да се користи за производство на енергија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина