Историски гледано, мастурбацијата има лоша репутација, но забавата за еден и понатаму е забава! Мастурбацијата има многу здравствени предности и прави да се чувствувате подобро!

Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од жените кои имаат 18 години, мастурбираат во просек еднаш неделно, а само мал дел од нив тоа го прават редовно. Според анкетата спроведена на Универзитетот во Индијана за сексуално и здравствено однесување, само 8% од жените помеѓу 25 и 29 години мастурбираат два до три пати неделно. А што се однесува до мажите, овде статистиката е поинаква- односно 24 % од мажите на истата возраст мастурбираат два до три пати неделно.

Мастурбацијата е сосем нормална, во неа треба да уживате. Тоа е здраво искуство и не би требало да биде табу тема.

1.Ве прави среќни

Знаме дека задоволството ги прави луѓето среќни- вели докторката Лорен Стрејчер, професор по гинекологија на Nortvestern Универзитетот.

Оргазмот го ослободува ендорфинот кој може да го подобри расположението и да креира природно возбудување.

2.Станувате позадоволни со своето тело

Вашето тело би требало да биде ваш најдобар пријател- тоа е единственото нешто кое со вас ќе биде целиот живот. Докторката Стрејчер потенцира дека е многу важно жените да ја почитуваат своата анатомија и да знаат како да се самозадоволат.

 

masturbacija_1

 

3.Може да ви го подобри сексуалниот живот

Мастурбирањето ви овозможува да го запознаете своето тело и да откриете што ви одговара при допирањето. Со доброто познавање на сопственото тело, вашите вештини во креветот ќе се подобрат и ќе се овозможи подобра и подлабока поврзаност со партнерот. Откако еднаш ќе сфатите што сакате и кои допири ве возбудуваат, сето тоа лесно ќе можете да му го пренесете и на вашиот партнер.

4.Ви помага полесно да заспиете

Постои причина за тоа зошто на многу луѓе им се спие откако ќе доживеат оргазам. Оргазмот физички и емотивно опушта.

“Генерално, луѓето спијат после мастурбација, а исто така се чувствуваат и опуштено и задоволно” – објаснува докторката.

5.Ослободува од стресот

Било што што ве опушта и ви го разубавува денот, дури и ако е тоа јога или пак одење на масажа, е добредојдено. Самозадоволувањето е уште еден начин да се релаксирате и да си го поправите расположението.

6.Доколку сте во врска, ова е одличен начин да ги зачините нештата

Експертите велат дека ако сте сексуални сами со себе, тоа ќе го стимулира делот од мозокот кој го одржува вашето либидо на високо ниво.

7. Повеќе оргазми

Доколку разберете како функционира вашето тело, ќе знаете точно како да го задоволите. Еднаш, два пати или повеќе пати – сето тоа зависи од вас.Оргазмот можеби е крај на сексот за мажите, но тоа не важи и за жените!

8. Не постојат никакви негативни нуспојави

Ништо лошо не може да ви се случи доколку се самозадоволувате, не  ожете да добиете некоја заразна полова болест, не можете да забремените, нема да почувствувате болки како за време на пенетрацијата понекогаш.. Едноставно, вие ќе си го одредите ритамот кој вам совршено ви одговара.