Тестирањето на болести и прегледите на доктор се едни од најважните нешта кои човек може да ги направи за своето здравје. Целта е да ја откриете болеста во рана фаза, пред да се појават симптомите, бидејќи тогаш е полесно да се лекува.

 

Рак на простата

 

Ракот на простатата е еден од најчестите облици на рак кај мажите. Воглавно бавно се развива, но постојат и агресивни облици на рак на простатата. Постојат тестови за рано откривање на болести, а лекувањето е тогаш најефикасно. Здравјето на простатата може да се испита по пат на дигитално-ректален преглед (ДРЕ) и специфичниот антиген на простатата (ПСА) од крвта.

 

Рак на тестисите

 

Овој невообичаен рак се развива во тестисите, репродуктивните жлезди кои произведуваат сперма. Најмногу се јавува кај мажите на возраст од 20 до 54 години. Мажите изложени на поголем ризик треба да разговараат со доктор за дополнителни прегледи.

Рак на дебелото црево

 

Ракот на дебелото црево е вториот најчест облик на смртоносен рак. Мажите имаат поголем ризик од жените. Може да се прошири и на другите делови од телото.

 

Воглавно ги напаѓа оние мажи кои се над 50 – годишна возраст. Колоноскопијата е најчест облик на тестирање на полипите и рак на дебелото црево. Сомнителните полипи можат да се отстранат за време на тестирањето.

 

Рак на кожата

 

Најопасен облик на рак на кожата е меланомот. Постарите имаат двојно поголем ризик за развој на меланом. Ризикот може да се зголеми и со претерано изложување на сонце или сончање во солариум. Докторите препорачуваат брза реакција и преглед кај специјалист ако забележите каква и да било промена на кожата, посебно во облик, големина и боја на младеж.

 

Висок крвен притисок (хипертензија)

 

Ризикот од висок крвен притисок се зголемува со со годините, зголемената телесна тежина и нездравиот начин на живот. Нормалниот крвен притисок е 120 со 80.

 

Високиот крвен притисок е 140 со 90 или повеќе, a помеѓу тие вредности е прехипертензијата пресвртница на пат до високиот крвен притисок.

 

Холестерол

 

Високото ниво на ЛДЛ холестеролот во крвта предизвикува наслаги на ѕидовите на артериите. Тоа го зголемува ризикот од срцеви болести. Артериосклерозата може да напредува без било какви симптоми. Со тек на време тоа може да доведе до срцев и мозочен удар. Промените во начинот на живеење и лековите можат да гонамалат овој ,,лош,, холестерол и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

Дијабетес тип 2

 

Неконтролираниот дијабетес може да доведе до болести на срцето, мозочен удар, болести на бубрезите, слепило, оштетување на нервите и немоќност.

 

Ако се открие на време, дијабетесот може да се контролира и можат да се одбегнат компликациите со соодветна исхрана, вежбање, губење на вишокот телесна тежина и лекови.

Здравите возрасни луѓе над 45 – годишна возраст треба да вршат тестирање најмалку на секои три години.

Глауком

 

Оваа болест постепено го оштетува очниот нерв и може да доведе до слепило. Неповратното губење на видот може да се појави пред појавата на симптомите.

 

Глаукомот претставува невообичаено висок крвен притисок во окото, кој може да се лекува пред да се оштети видниот нерв. Зачестеноста на тестирањето за глауком зависи од годините: пред 40-та година: на секои две до четори години, од 40-та до 54-та година: на секоја година до три години од 55-та до 64-та година: секоја година до две години по 65-та година: на секои шест до 12 месеци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина