Сите ние преживуваме некој период на стрес, тага, очај и караници, но како да знаеме кои сигнали се за тревога и кога ни е потребна стручна помош. Стручњаците тврдат дека на оние на кои им е најпотребна професионална помош поради психички проблеми, најмалку посегнуваат по неа, додека еден од пет возрасни Американци боледува од некој облик на психичка болест, дури околу 46-65% со умерени до силни проблеми навистина одат на лекување. Еве во кои се ситуации треба да се побара помош од психијатар, социјален работник или психолог.

1. Се што чувствувате е интензивно

Сите ние понекогаш сме тажни или лути, но колку интензивно тоа се случува? Ако се повторува и значајно влијае на вашето функционирање, време е да побарате помош.

2. Сте преживејале траума и не можете да престанете да не мислите на неа

Болката поради смртен случај во семејството, прекин на врска или губење на работното место, тоа може да биде и повеќе од доволна причина за советување.

3. Имате необјасниви главоболки, кои се повторуваат, желудочни тегоби и имунитет кој е во катастрофална состојба

Кога сме психички вознемирени, тоа влијае и врз нашето тело. Истражувањата потврдиле дека стресот може да се манифестира на цела низа физички начини, од хронични тегоби со варењето, до главоболки, зачестени настинки, па дури и недостаток на либидо. Невообичениете главоболки во вратот и грчеви на мускулите честопати се знаци за долготраен стрес или за емотивно нерасположение.

4. Сте почнале да злоупотребувате нешто за да можете да се носите со ситуацијата

Ако сте сфатиле дека сте почнале се повеќе да пиете, или да користите дроги или прекумерно јадете, тоа може да бидат сигнали дека се надевате дека на тој начин ќе можете да ги прекриете чувствата со кои требате всушност да се соочувате.

5. На работа сте се повеќе непродуктивни и се повеќе грешите

Промените на работното место се зачестени кај оние кои се измачуваат со емотивни или психолошки проблеми. Можеби се чувствувате исклучени од работата, дури и ако таа порано ве правела среќни. Освен промена во концентрацијата и во вниманието, можно е и да добивате негативни критики од шефот или колегите, што може да укажува на поголеми проблеми.

6. Се чувствувате исклучено од активностите во кои некогаш сте уживале

Ако воопшто не ве радува одењето на кафе со пријателите, читањето книги или семејните неделни ручеци, а до неодамна сте уживале во тоа, тоа може да биде показател за некои други тегоби.

7. Вашите врски станале напрегнати

Доколку не можете да се отворите кон своите сакани и да им кажете како се чувствувате, или не можете дури ни да идентификувате што е тоа што ве измачува или не ве радува ни малку дружењето со саканите, можеби сте добар кандидат за семејна терапија. Можеби се работи за многу поголеми проблеми кои можат да се решат ако се вклучат сите алки во синџирот.

8. Вашите пријатели ви велат дека се загрижени

Понекогаш другите луѓе можат да го воочат проблемите кои не можат да ги видат оние на кои тие се однесуваат, па вреди да се слушне како стојат работите од други перспективи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина