orevi_1

Оревите се вистинска ризница на здравје, богати се со антиокиданси и хранливи материи.

Од овие хранливи продукти можете да направите најразлични кулинарски специјалитети, но и лековити препарати кои ќе го чуваат вашето здравје во текот на целата година. Некои од овие препарати можете да ги подготвите веднаш, додека за некои други ќе морате да ја почекате пролетта или новата сезона.

1. Ореви во мед за подобра плодност и потенција

Оревот е природен афродизијак кој содржи витамини B1 и B2, кои му даваат енергија на телото и содржат витални елементи кои се важни за развојот на половите жлезди.Богати се со цинк, кој е важен за нормалната сексуална активност и функционирањето на простата.

Оревите имаат појачано дејствување во комбинација со медот, кој, исто така, изобилува со супстанции неопходни за машкото репродуктивно здравје.

Докажано е дека ниту еден фармацевтски препарат не може да се спореди со оваа комбинација по својата ефикасност.

Во еднакви пропорции, измешајте мелени ореви со мед од костении и изедете три лажици од оваа мешавина, 3 пати на ден. За да ги постигнете саканите ефекти, оваа т.н терапија треба да трае најмалку 20 до 30 дена.

Оваа мешавина е ефикасна и при висок крвен притисок и главоболка.

2.Лек со ореви против анемија

Оваа мешавина употребете ја за да ја победите анемијата и исцрпеноста.

Подгответе смеса од еден килограм мед, половина килограм мелени ореви и лимон. Сето ова добро измешајте го и земајте по една мала лажичка од смесата на секои три до четири часа.

3.Ореово млеко против чир на желудникот

Млекото од ореви е лек кој го помага зараснувањето на чиревите на желудникот.

За подготовка на млекото прелијте 20 грама мелени ореви со две децилитри зовриена вода. Добро измешајте, исцедете, а потоа додадете една голема лажица мед. Пред секој оброк, земете 5-6 мали лажици ореово млеко.

4. Зелени ореви за штитната жлезда

Младите зелени ореви се богати со главните елементи од кои се состојат тироидните хормони – јод и тирозин. Со клинички испитувања е потврдено дека маслото од зелен орев значително го зголемува нивото на тироксин.

Овој рецепт од зелени ореви е многу популарен при третманот на хипотироидизам на природен начин. Во еднакви пропорции, помешајте зелени мелени ореви со мед.

Оставете ја оваа мешавина да отстои на темно место 30 дена. Земејте по една лажичка дневно.

5. Традиционална руска тинктура против сите видови на рак

Иситнете 150 грама корен од валеријана, 50 грама морско оревче и 50 грама брезови пупки, прелијте со половина литар вотка или ракија и додадете 150 грама цели лушпи од зелени ореви.

Оставете да отстои десет дена на темно место. Земајте по 15 капки од оваа тинктура во 1 децилитар вода, три пати дневно, половина час пред оброкот.

6. Рецепт за прикривање на дамките од витилиго

Наберете зелени ореви непосредно пред нивното зреење. Премачкајте ги дамките со внатрешниот дел од лушпата на оревот.

Три дена мачкајте го истото место со сокот, и настојувајте истото тоа место да не го плакнете со вода.

Зелените ореви можете и да ги замрзнете и да ги чувате до следната сезона.

7. Чај направен од млади листови на оревот за чистење на крвта

Чајот направен од младите листови на оревот се применува и како средство за чистење на крвта. Претставува одлично средство и против кожни заболувања, дијабетес и жолтица, хемороиди, паразити, артритис, а заради ниската содржина на натриум им се препорачува и на бубрежно болните пациенти.

Листовите после бербата е потребно да се исушат. Подготвeте го чајот на следниот начин : две лажици исушени листови прелијте со две децилитри студена вода и варете пет минути. Оставете ја смесата покриена петнаесет минути, па потоа процедете. Дневно можете да пиете по 2-3 чаши.

8. Сируп од свежи млади листови за здрава кожа

Потопете ги листовите во алкохол(во еднакви пропорции) и оставете ја смесата да отстои 48 часа.

Додадете кон оваа смеса мед, за да добиете густ сируп. Земете една голема лажица пред оброкот.