Според последните податоци, од кардиоваскуларни болести годишно умираат 23.788 мажи и 28.314 жени. Срцевите заболувања се причината за смртност кај жените во однос на сите останати заболувања, иако жените повеќе се загрижени за карцином на дојката. Ова се осумте спрецифичности на срцевите заболувања кај жените, кои не им одат особено многу во прилог.

 

 

Дијабетес

 

Дијабетесот значително  ја зголемува смртноста од инфаркт на миокардот кај жените во однос на мажите. Ризикот од појава на фатално исхемиско заболување на срцето кај жените кои боледуваат од дијабетес е поголем за дури 50% во однос на мажите. Кај жените е присутен позначаен фактор на воспаление, подифузна атеросклероза на коронарните артерии, позначајна болест на малите крвни садови и често помалку агресивна терапија за дијабетес.

 

 

Хипертензија

 

Дури и една гранична или средно потешка хипертензија предизвикува повеќе кардиоваскуларни компликации кај жените во однос на мажите.

 

 

Никотин

 

Пушењето посебно им штети на помладите жени, бидејќи го зголемува ризикот за исхемиски срцеви заболувања за 60% во однос на мажите. Комбинацијата на фактори, како што се наредната атеросклероза и склоност кон настанок на васкуларна тромбоза индуцирана од пушењето, е одговорна за шест до осум пати за поголем ризик од појава на инфаркт на миокардот кај жените кои се пушачи во однос на оние кои се непушачи.

 

 

Лоша исхрана

 

Липидниост статус кај жените е под влијание на хормонскиот статус и тој се менува во текот на животот. Помладите жени имаат пониски вредности на ЛДЛ, лошиот холестерол, и повисоки вредности на ЛДЛ, на добриот холестерол во однос на мажите на иста возраст. Со тек на годините, кај жените се зголемува нивото на лошиот холестерол, а се намалува нивото на добриот холестерол и така се зголемува ризикот за појава на срцевите заболувања.

 

 

Рана менопауза

 

Присуството на естрогенот кај помладите жени е фактор на заштита од кардиоваскуларни заболувања. Жените со рана менопауза, пред 40-та година од животот, имаа за две години помала очекувана должина на животот во однос на жените со нормална или задоцнета менопауза. Многу итражувања го истражувале ефектот од хормонската терапија во постменопаузата како превентивна мерка протв кардиоваскуларните заболувања, но не ја потврдиле оваа хипотеза. Покажале дури и зголемен кардиоваскуларен ризик, посебно во првата година по започнувањето на терапијата.

 

 

Дебелина

 

Разни студии ја имаат потврдено тезата дека дебелите жени имаат за седум пати поголем ризик од срцеви заболувања од мажите со вишок на килограми, исто така, комбинацијата  на дебелина и дијабетес посебно е ризична кај жените.

 

 

 

Недвижење

 

Физичката неактивност е честа појава кај жените отколку кај мажите. А бидејќи постои јасна поврзаност помеѓу физичката активност и коронарните заболувања кај жените, јасно е и зошто се тие позагрозени.

 

 

Грижи

 

Стресот, негативните емоции, како и состојбите на анкциозност и депресија се повеќе поврзани со ризикот од срцеви заболувања кај жените отколку кај мажите. Комбинацијата од стрес на работното место и стресовите во семејството е поврзана со позначајната појава на срцеви заболувања кај жените.

 

Тагови: женисрце
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина