Токсините редовно се трупаат во нашето тело. Ги внесуваме преку пушењето, храната или воздухот. Битно е да се препознае моментот кога телото ни кажува дека е полно со ,,отрови,,. Ако постојано се чувствувате мрзеливо, се будите тромави и уморни, а чувството на летаргија не ве напушта преку целиот ден, требате сериозно да размислите за детоксификација. Знајте дека не е добро постојано да ја надополнувате загубената енергија со кофеин и енергетски пијалоци.

Дали телото ви е полно со токсини, ќе ви покажат следниве седум знаци. Ако ве измачува барем еден од овие симптоми, тој може да упатува на преголема количина токсини, а ако ги имате повеќе од три, тогаш бидете сигурни дека на вашето тело му е потребна итна детоксификација.

1. Несоница

Насобирањето на токсини (посебно на естрогенот) е вообичаена причина за несоница. Ако имате проблем со спиењето, тоа може да значи дека треба да го прочистите црниот дроб, бидејќи несоницата многу често е поврзана со проблемите со овој орган. Напитоци од брокула, карфиол и сличен зеленчук ќе ви помогне во прочистување на црниот дроб.

2. Летаргија

Се будите тромави и уморни, а чувството на летаргија е постојано со вас, веднаш треба да преземете детоксификација. Проблемот ќе го влошите ако се обидете да го решавате со кофеински напитоци. Имено, по краткотрајното чувство на поголема будност ќе се чувствувате уште поуморно од претходно.

3. Главоболки

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат можат да алармираат за преголема количина токсини во организмот. Задржувањето на токсините е една од најчестите причини за тензичните мигрени и главоболки. Треба да се знае дека за време на процесот на детоксификација главоболките можат да се влошат, но по нејзиното завршување треба да исчезнат во целост или да бидат барем значително намалени.

4. Проблеми со кожата

Во отстранување на токсините помага и нашиот најголем орган – кожата. Ако главниот орган за отстранување на токсините не функционира, на помош му доаѓа кожата. Дека телото се бори со токсини покажува самата кожа, која има осип или е прекриена со мозолки, односно акни.

5. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен показател во откривањето на количините токсини во телото. Храната која содржи во себе токсини може да ја оштети деликатната слузокожа на системот за варење, што го вклучува и јазикот. Ако на површината на јазикот има видлив жолт или бел слој, речиси е сигурно дека системот за варење се бори со токсините.

6.Насобирање на масно ткиво на стомакот
Токсините кои ги внесуваме преку храната и пијалоците, но и оние кои ги вдушуваме можат да доведат до насобирање на масно ткиво на стомакот. Тоа се случува поради тоа што многу токсини кои се задржуваат во телото доаѓаат до абдоменот и остануваат тука.

7. Чувство на топлина

Еден од природните начини на кој телото ги исфрла токсините е потењето. Кога во телото има премногу токсини, тоа ќе почне да се ,,прегрејува,,, обидувајќи се да ги исфрли преку потта, па поради тоа можете постојано да имате чувство дека ви е топло и тогаш кога е надвор студено.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина