Во текот на зимата има малку сонце, многу е студено, па помалку време минуваме надвор, а јадеме храна која содржи многу скроб и шеќери. Ваквото однесување не не одржува здрави. За среќа, постојат неколку работи кои можат да ни помогнат да ја одржиме енергијата, да го ,,поткренеме,, имунитетот и да го одржиме телото здраво во текот на целата зима. За таа цел, вашето зимско мени треба да биде добро осмислено.

Треба да се знае дека наместо повеќе калории, потребни ни се повеќе витамини, сложени јагленохидрати и протеини. Многу е важно и да се јадат редовно оброците. Најдобро е по пет оброци дневно, со три главни и два меѓуоброци, од по 3 – часовна пауза меѓу истите. Тоа ќе им помогне на нашите тела да ја одржат топлотната рамнотежа. Добро е да се знае и кои намирници треба да се јадат и колку често, со цел телото да се опскрби со потребните хранливи материи од нив. Но, во зима е многу тешко да се планира исхраната која ќе му ги обезбеди на телото сите хранливи материи. Затоа, можете да се обидете со употреба на додатоци во исхраната, како што се, на пример, масло од црн дроб на бакалар, жен-шен, сируп од ехинацеја и разни витамински додатоци. Притоа многу е важно да се придржувате до нивните препорачани дози и да не се претерува, бидејќи тие се во корелација со другите лекови.

Во продолжение погледнете кои се најважните совети кои ви ги предлагаме за овој студен период од годината.

 

  1. Пијте само здрави течности
    Зашеќерените напитоци, кафето и кофеинските пијалоци го ослабнуваат имунолошкиот систем, доведуваат до дебелеење и дехидратација. Дури и во зима е важно да испиете по осум чаши вода или растителен чај за да ги одржувате здрави органите за варење и за да го спречите дебелеењето. Ова е посебно важно во текот на зимските месеци, бидејќи така ќе можете да ги исфрлите штетните материи преку урината (во зима многу помалку се потиме).
  2. Во текот на студените денови е мноу важно добро да се наспиете
    Мелатонинот, многу важен хормон за обновување на имунолошкиот систем, се произведува само во целосна темнина. Кога ќе легнете, не заборавајте да ги спуштите ролетните и да ги згаснете сите светла.
  3. Одбегнувајте го т.н.додавање шеќер
    Тоа е шеќерот кој се додава дополнително во чаевите, кафето, а тука се вбројуваат и разните слатки, бисквити и останати рафинирани слатки кои ги консумираме покрај стандардните оброци. Свртете се кон природните шќери – оние од овошјето. Медот е одличен природен шеќер. Ако баш не можете да се откажете од слатките, користете црна чоколада (со минимум 70% какао) таа има докажанo поволно дејство врз здравјето.
  4. Јадете лук секој ден
    Лукот го поттикнува создавањето на Т лимфоцитите и макрофагите, помагајќи го имунитетот. Плус, лукот спаѓа во намирниците кои го загреваат телото.
  5. Консумирајте намирници богати со цинк
    Цинкот помага да се подигне ослабениот имунитет. Го има во наутот (леблебиите), семките од тиква и во сусамот.
  6. Фаворизирајте ги зеленчукот и овошјето во исхраната
    Иако во зима е пожелно да се користат намирници кои содржат повеќе јагленохидрати и масти, тоа не значи дека треба да заборавиме на зеленчукот и овошјето. Напротив, тие можат да ни помогнат значително за да ја протуркаме зимата во добро здравје.
  7. Движете се! Немојте да и се предавате на мрзеливоста!
    Вежбајте дома, возете статичен велосипед, вежбајте јога и, се разбира, прошетајте се по убавото зимско време. Брзата прошетка ги согорува калориите, ја забрзува циркулацијата и ја зголемува енергијата. Докажано е дека движењето го зголемува имунитетот.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина