Какаото е плод на какаовец, зимзелено дрво кое распространето во тропските предели на Мексико и САД, а денес најмногу се одгледува во Јамајка. Во Европа го донел Кристофер Колумбо, во 1502 година, бидејќи многу му се допаднал горкиот напиток од ова растение. По ферментацијата, плодовите се сушат, се варат и мелат и се добива густа течност која е база за добивање на чоколадата.

Какаото има многу бенефиции врз здравјето. Тоа е добро познат лек уште од античко време и модерно чудо – најверојатно најдобрата супер храна откриена досега. Инките го сметале за пијалок на боговите. Од тука и потекнува неговото име, Theobroma – од грчките зборови theo (Бог) и broma (напиток). Какаото може да ја подобри меморијата, да ги намали срцевите болести, да ги намли мастите, да го подобри имунитетот, да го поправи расположението и да даде многу енергија. Во својот состав содржи речиси четири пати повеќе антиоксиданси од чоколадата, 20 пати повеќе од боровинките и 119 пати од бананите. Еве кои се неговите најголеми бенефити.

1. АНТИОКСИДАНС

Какаото содржи повеќе од 500 познати состојки најинтересни за научниците се антиокидансите. Овие антиокиданси придонесуваат во борбата со стареењето, ги детоксифицираат црниот дроб и крвта, придонесуваат за кардиоваскуларното здравје и ги намалуваат холестеролот и нивоата на шеќер во крвта.

2. КАРДИО ЗАШТИТНИК

Кардиоваскуларните болести се број еден убиец кај возрасните. Во последните години, какаото е подложено на многу студии, откако било откриено дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои од истражувањата покажале дека ги намалува истите за дури 77%. Резултатот од ова е подобра циркулација во мозокот, која ја зголемува когнитивната способност. Ова тврдење е сега регистрирано во ЕУ во 2013 година.

3. ЗДРАВ УМ И ЗДРАВО ТЕЛО

Исхраната богата со какао може да помогне за да го одржиме нашето когнитивно здравје како што старееме. Какаото содржи мали количини Анандамид – невротрансмитер кој е познат какоблагородна хемикалија” – и Триптофан (претходник на Серотонинот невротрансмитер кој ги прави луѓето опуштени, задоволни и среќни. Неопходен е за добро избалансирано расположение.

4. ПРИРОДНА ДОБРИНА

Какаото содржи многу нутритиенти, како што се железо (критичен минерал во исхраната), магнезиум (кој ја намалува чувствителноста на болка, ги неутрализира токсините и гради поцврсти коски), цинк (ова игра важна улога во имунолошкиот систем, црниот дроб, панкреасот и кожата), протеини, калиум, калциум и уште многу други.

5.СИРОВО КАКАО НАСПРОТИ ПЕЧЕНО КАКАО

Кога какото е печено, обработено и претворено во чоколада, тоа губи многу од своите скапоцени својства. Додека чоколадата се смета за нездрава, чистото какао е сосема спротивно од тоа.Една од главнитедиететски користи од какаото е тоа што содржи многу влакна, што е одлично за создавање на нови ензими.

6. ПРОТИВ КРВАРЕЊА

Филџан топло какао содржи 611мг. гална киселина и 564 мг. флавоноид епикатехин. Антиоксидансот гална киселина се користи за лекување внатрешни крварења и албуминурија (појава албумин во урината) која укажува на болест на бубрези и дијабетес.

 

7. ЗА ПОДОБРО ПОМНЕЊЕ

Какаото помага за подобро помнење, бидејќи флавоноидите во него ја зголемуваат циркулацијата и дотокот на крв до мозокот. Поради тоа што деменцијата предизвикува намален доток на крв, истражувачите сметаат дека може да придонесе за превенција на оваа состојба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина