Сте забележале дека се лигавите само кога спиете на страна, додека тоа не се случува кога спиете на грб. Тоа е така затоа што кога спиете на грб, плунката се  задржува на грлото и се суши на него.

 

Постојат различни жлезди кои придонесуваат за создавање на плунката. А лигавењето може да биде поврзано со овие седум индикации:

 

Неправилна положба при спиење

 

Кога спиете на страна или на стомак, устата често може да ја отворате, бидејќи сте опуштени, а потоа плунката може да излезе. Кога спиете на грб, тоа го спречува лигавењето.

 

 

Алергија

 

Алергискиот ринитис и одредени алергии на храна можат да предизвикаат зголемено лачење на плунка.

 

Киселост

Научниците веруваат дека желудочната киселина го стимулира езофагусот, што доведува до прекумерно лачење на плунка.

 

 

Синусна инфекција

 

Инфекциите на горниот респираторен обично се здружени со проблемите со дишење и голтање поради акумулирање на плунката. Исто така, кога носниот канал е блокиран, дишеме на уста, што доведува до зголемено лачење на плунка.

 

 

Тонсилитис

 

Тонсилитис е воспаление на жлездите наречени тонзили, кои се наоѓаат на задниот дел од грлото. Поради воспаленија и оток, преминот се стеснува и плунката се таложи.

 

 

Кошмарни соништа

 

Лигавењето е познат симптом кај оние луѓе кои патат од кошмарни соништа. Можат да се манифестираат и кај возрасните како резултат на психопатолошки причини.Често се случува кога е некој под стрес, а може бити и активирано поради одредени лекови.

 

 

Лекови

 

Некои антидепресиви, како што е морфинот, предизвикуваат зголемено лачење на плунка. Ако земате одредени лекови или ако се дрогирате, тогаш лигавењето секој ден ќе ви се случува.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина