Од страв да не останат само со студена вода, луѓето ширум светот се натпреваруваат во трката да не бидат последни за туширање, но, како што се покажа, тоа и не е толку лоша работа за нашиот организам. Имено, туширањето со студена вода носи бројни бенефити за нашиот организам. Иако не мора да биде константно, повременото практикување на истото е одлично. Еве кои се некои од неговите полезности…

Ја зголемува претпазливоста
Без разлика на тоа дали ќе се определите за туширање со студена вода наутро или навечер, примарниот шок кој ќе го почувствувате доведува до длабоко дишење, а тоа не само што му помага на телото да се загрее, туку и го зголемува целокупното внесување на кислород во организмот. Покрај тоа, срцето почнува посилно да работи, што и помага на крвта побрзо да се распростране по организмот, а тоа доведува до побрзо будење на телото и зголемување на свесноста.

Го подобрува изгледот на кожата и косата
Кога станува збор за кожата и косата, еден од најприродните начини за нивно одржување е токму студената вода. Додека топлата вода ја суши кожата, студената е идеална за отворање на порите, но истовремено знае и да ги сочува, спречувајќи во нив да назвлезе нечистотијата. Ваквото туширање овозможува здравите супстанции да останат подолго на кожата. Што се однесува до косата, пак, студената вода придонесува таа да изгледа посјајна и посилна.

Ги подобрува имунитетот и циркулацијата
Студената вода ја подобрува циркулацијата и, со самото тоа, ги подобрува работењето и функционалноста на целиот организам. Истовремено, ваквото туширање може да го намали високиот крвен притисок, да помогне во отпушување на артериите и да придонесе за подобар имунитет.

Го стимулира губењето на килограмите
Верувале или не, студените туширања помагаат за губење на тежината. Човечкото тело се состои од два вида на масти – добри и лоши. Добрата маст ја генерира топлината, терајќи го телото да се загрева, а се придвижува кога сме изложени на пониски температури. Студената вода ги стимулира овие масти, па со самото тоа влијае и врз килограмите. Можеби резултатите нема да бидат веднаш видливи, но по извесно време ќе бидат и тоа како очигледни, и тоа без многу голем напор.

Го забрзува заздравувањето на мускулите
Сигурно барем еднаш сте слушнале дека некои спортисти практикуваат да се капат во стидена вода по тренингот за да ја намалат напнатоста во мускулите. Истото се однесува и за туширањето ако сакате што повеќе да го опуштите телото. Некои истражувања покажале дка туширањето дава послаби резултати од капењето, кое може да помогне и четири дена по тренингот, но секако се чувствува промена.

Ослободува од стрес
Суптилната подготовка на телото со цел да не дојде до шок, но и самиот допир со студената вода, како што се покажало, влијае врз тоа целиот организам, па и мислите, директно да се насочат кон тоа. Со самото тоа, освен што доведува до опуштање на мускулите, доведува и до свртување на вниманието и неразмислување за било какви проблеми или напнатости.

Влијае врз депресијата
Студените тушеви се имаат покажано како ефикасни во борбата со депресијата поради чувството кое се создава во рецепторите кои го детектираат студенилото, а кои тогаш веднаш испраќаат голем број импулси. Додека го подобрува расположението, истражувањата имаат покажано дека наизглед не постојат негативни ефекти и не се создава зависност во смисла дека решението секогаш ќе се бара во нив.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина