Низ годините сите ние сме презафатени со секојдневни обврски за да можеме квалитетно да обратиме внимание на сите симптоми кои ни ги испраќа телото. Некогаш тие симптоми се дури и знак дека нешто многу напреднало, а сето тоа можеме да го спречиме со прегледи кои не одземаат многу нерви, ниту време, а кои се многу важни.

Очи

Овој брзински преглед може да открие дали имате вишок холестерол. Ако забележите белузлав круг околу зениците, ова може да биде знак за зголемен холестерол. Жолти дамки на капаците или околу очите сигнализираат за правење брз целокупен медицински преглед, кој вклучува тест на крвта за холестерол, ултразвук на срцето и каротидната артерија, кои ќе покажат за што всушност се работи. Големи црни подочници можат да бидат наследни или последица на консумирање големи количини алкохол, но и сериозен знак дека нешто не е во ред. Било да се работи за алергија од чад на цигари, некој производ кој го користите, премногу изложување на сонце или недостиг на железо, ако ги увидите симптомите на време, може и да ги санирате.

Грб

Ако не можете да се истегнете и со прав грб да го допрете подот без присуство на болка, време е да поработите на својата растегливост. Флексибилноста ќе ви помогне да имате поправилен став и да работите без постојана напнатост во долниотдел од грбот. Ако чувствувате болка, морате да посетите стручно лице. И дури кога ќе почнет еда одите на јога, пилатес, танц или баланс на телото. Одберете некоја активност која ќе ви помогне да го подобрите својот мускулен тонус.

Уста

Ако постојано ви излегуваат афти или имате ранички во устата кои не зарастуваат, време е за итна посета на доктор. Земете рачно огледалце, прегледувајте ја устата одвреме-навреме и ако почувствувате ранички или афти, проверете ја крвната слика, може да се работи само за пад на имунитетот или алергија на храна, но секако посетете доктор за да бидете сигурни дека е се во ред.

Дланки

Ако дланките ви се постојано црвени, а посебно блиску до малиот прст, тоа може да биде знак за лошо функционирање на црниот дроб. Рани и сува кожа се знак за псоријаза, па веднаш посетете дерматолог за да и препише терапија за оваа болка со која многу жени се соочуваат, посебно кога се под стрес. Може да биде предизвикана и од генетика или лекови. Со добро прегледување на рацете може да се воочи и ревматски артритис и прективна тироидна жлезда, па обратете внимание на испуканите капилари кои потсетуваат на пајакови ножички или на пресилно потење на дланките.

Урина

Ако не пиете доволно течности, тоа лесно ќе го видите од урината, која станува темна и има непријатна миризба. Акоима темна боја или случајно забележите крв или почувствувате слаткаст мирис – веднаш посетете доктор.

Столица

Ако подолго време ве измачуваат хемороиди или фисури, задолжително посетете гастроентеролог и нутриционист. Причина за тоа може да биде алергија на храна. Секако доколку воочите крв, веднаш обратете се на доктор, но немојте да бидете исплашени, се може да се реши ако е на време воочено.

Кожа

Сувата кожа може да биде последица од недоволно хидрирање со креми, ни и симптом за кожни болести. Кожата која има поинаква боја и изразена сувост треба веднаш да биде прегледана од дерматолог. Имајте на ум дека повеќето од овие проблеми се решаваат за неколку недели, но ако чекате долго нештата може да се закомплицираат. Посебно прегледувајте ги младежите, промените на кожата по сончање и стапалата и пазувите, регии на кои обично не обраќаме посебно внимание.

 

Тагови: Здравје
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.