Губењето на вишокот килограми не е ни малку лесна работа. Правилната исхрана и редовното вежбање се клучни, но подеднако е важно да се внимава и на она што пиеме. Поради прекумерната консумација на овие седум пијалоци, многу лесно можеме да ја зголемиме телесната тежина.

 

Полномасно млеко

 

Млекото е важно за здравјето на коските и забите. Но, ако целта ви е слабеење, тогаш треба да го намалите консумирањето на полномасното млеко и да побарате извор на калциум во други производи кои не се млечни, како што е на пример брокулата и житарките.

 

Протеински шејк

 

Исхраната богата со протеини е многу важна, посебно ако вежбате и сакате да изградите мускулна маса. Но, ако сакате да ослабнете, тогаш треба да одбегнувате консумирање протеински шејкови по тренинг.

 

Свежo исцеден сок

 

Свежите сокови се добра опција одвреме-навреме, но нивното пречесто и прекумерно пиење не е идеално. Содржат голем број калории и шеќери, па нема да ви помогнат во губењето на вишокот килограми.

 

Смути

 

Одличен напиток кој е полн со свежо овошје и други намирници по ваш вкус. Но, ако смутито го сметате за оброк и секој ден го консумирате во преголема количина, тогаш големи се шансите дека ќе се здебелите, а не да ослабнете.

 

Коктел

 

Ретко кој може да им одолее на коктелите, но навистина морате. Имено, овоните коктели и оние кои во себе имаат алкохолни пијалоци се преполни со калории. Наместо коктели, одберете ги оние алкохолни пијалоци кои содржат помали количини калории.

 

Посебен вид кафе

 

Голем број луѓе денот го започнува со пиење кафе, па во текот на денот пие и по уште еден филџан. Доколку, пак, пиете посебно кафе, како што се оние со млеко, капучина со шеќер и шлаг или сирупи, тогаш консумирате голем број калории.

 

Енергетски пијалок

 

Оние кои не се обожавателе на кафето, често знаат да посегнат по енергетските пијалоци. Она на што треба да се обрати внимание е хранливата вредност на овие пијалоци, односно бројот на калории и количината на шеќер, бидејќи повеќето од овие пијалоци имаат во себе големи количини калории и шеќери.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина