Сигурно веќе го знаете фактот дека витаминот Ц е еден од витамините кој едноставно мора да се зема во текот на сезоната на грипови и настинки, бидејќи делува поволно врз имунитетот. Но, тука не престанува дејството на оваа витаминска супер ѕвезда – витаминот Ц е еден од најважните витамини, кои делуваат во нашето тело врз бројни телесни функции. Еве кои се се тие…

 

  1. Витаминот Ц помага во превенцијата на оштетувањата на ткивата, ги штити телесните течности (пример крвта) од слободните радикали, и тоа многу успешно од оние од нечистиот воздух и чадот од цигари и го враќа витаминот Е во активниот облик.
  2. Телесен стрес (инфекции), зарастување на рани, ниски температури во околината… сите тие ја зголемуваат потребата од витаминот Ц, а емоционалниот и психичкиот стрес го зголемуваат излачувањето на овој витамин преку урината.
  3. Телото само не може да произведе витамин Ц и затоа е од голема важност тој да се внесува редовно преку исхраната или додатоците во исхраната. Освен за синтеза на колагенот, витаминот Ц ја јакне здравата функција на имунитетот, што игра важна улога во спречување на настинките и скратувањето на нивното траење и забрзување на зарастувањето на раните и гребнатинките.
  4. Витаминот Ц има улога на природен антихистамин, намалувајќи го нивото на разни материи (хистамини) кои предизвикуваат алергии. Како антиоксиданс, витаминот Ц штити од катаракта, со што се намалува слепилото кај постарите.
  5. Со својата антиоксидациска функција ја спречува оксидацијата на холестеролот во крвта, што дирекно значи намален ризик од развој на срцеви заболувања или мозочен удар.
  6. Недоволното внесување на витаминот Ц во телото, како резултат на неправилната исхрана, значи долгорочно попречување на производството на колаген во телото, што значи дека тоа не може адекватно да закрепне од секојдневните телесни активности, но и дека здравите ткива ќе стануваат се послаби. Колагенот е од исклучителна важност за здравјето на кожата, коските, рскавицата, лигаментите и тетивите, ѕидовите на крвните садови и забите.
  7. Најчести симптоми од недостаток на витамин Ц се замор, болки во мускулите и зглобовите, лесно добивање модринки, осип по кожата и сува кожа, пукање на врвите од косата, крварење од непцата и од носот, бавно зарастување на рани, губење на тежината и бројни други.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина