Користењето препарати кои не и одговараат на косата и кои само и ја отстрануваат влагата, третирањето на косата со разни лакови или пегли за коса, се само некои од начините на кои и вашата коса може да се оштети и да биде неубава и сува

 

Лошата грижа за косата е всушност чест феномен и кај жените и кај мажите. Користењето препарати кои не и одговараат на косата и кои само и ја отстрануваат влагата, третирањето на косата со разни лакови или пегли за коса, се само некои од начините на кои и вашата коса може да се оштети и да биде неубава и сува.

 

Главни чекори како да се ослободите од сувата коса

 

 

Можеби ви се чини дека косата на допир е сува, тенка и тешко се обликува. Понекогаш сувоста на косата може да укажува на некој здравствен проблем или на недостаток на витамин Б. Најчесто едноставно се работи за тоа дека не ја третирате косата здраво и дека имате малку посува коса од другите. На сувоста на косата можат да влијаат и изложувањето на сонце, големите топлини или големите влажности, пушењето цигари и консумирањето алкохол. Ова се само неколку совети кои можат да ви помогнат да се ослободите од овој проблем и да имате прекрасна и негувана коса.

 

Потстрижете ги барем врвовите

 

Освен што новата фризура е секогаш добра идеја, пострижувањето на врвовите ќе помогне во обновувањето на сувата коса. Ова ќе ја ,,ресетира,, дури и ако не е премногу долга. Испуканите врвови можат целата коса и понатаму да ја оштетуваат и да и го уништуваат сјајот. Воедно, дури и поради испуканите врвови може да ви се чини дека косата е многу сува и груба.

 

Земајте додатоци во исхраната

 

Одредени витамини имаат посебно влијание врз здравјето на косата и ноктите. Така, многу важни ни се витамините А, Ц, биотинот (од комплексот на витамини од Б-групата) и железото. Сите тие ќе помогнат за поздрав и поубав изглед на косата.

 

Хранете се здраво

 

За да немате сува коса, во исхраната внесете омега-3 масни киселини и антиоксиданси. Белковините и здравите масти ја чуваат косата од проретчување и испаѓање, а од нив таа ќе изгледа уште посјајна. Затоа треба во исхраната да консумирате лосос, скуша, туна и школки, кои изобилуваат со омега-3 масни кислеини. Со антиоксиданси богати се оревите, гравот, боровинките и доматите. Сите тие ќе помогнат за поубав и поздрав изглед на косата и кожата.

 

Не ја мијте косата секој ден

 

Ако косата брзо ви се масти на скалпотт, а врвовите и понатаму се суви, тоа не значи дека мора да ја миете косата секој ден. Шампоните за коса освен што ја вадат нечистотијата од скалпот, исто така го острануваат и масниот себум од косата. Тој е природно масло кое ја оддржува влажноста на скалпот и косата. Премногу себум создава масна коса, но тоа не значи дека треба да ја миете секој ден. За решавање на овој проблем може да користите шампони за суво миење на косата.

 

Не ја третирајте косата со фен и пегла за коса

 

Ако косата ви е тенка и сува, имајте предвид дека со врелото сушење или пеглање ќе ја загубите и онаа малку влажност што ја имате. Подобро по миењето замотајте ја косата во крпа или платнета маица и оставате ја сама да се исуши на воздух.

 

На ја мијте косата со топла вода

 

Топлата вода која ја користите за миење на телото при туширање или капење може исто така да биде причина за вашата сува коса. Студените туширања имаат многу здравствени предности, а брзото растење на косата е еден од нив. По шампонирањето, исплакнете ја косата со постудена вода, барем една минута или две, со цел да ја ревитализирате и да го освежите скалот.

 

Користете природни и етерични масла

 

Рицинусовото масло, аргановото масло, маслото од чичак сите тие се вистински лек за сувата коса. Користењето неколку капки од овие масла на краевите од косата може да и даде посјајен и посвеж изглед. Останатите етерични масла, како што се оние од ментол и лаванда можат да помогнат во губењето на косата и да го спречат кршењето на врвовите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина