Постои фобија од кловнови, но не постои фобија од кловн кој ве брка со секира. Спобудален кловн кој ве брка со секира е сосема разумна причина за страв. За разлика од следниве седум најбизарни фобии.

Аблутофобија страв од туширање

Неразумниот страв од капење, туширање и перење е најчест кај децата, а почесто ги погодува девојчињата отколку момчињата. Настанува во текот на растењето, но некои до крај на животот бегаат од вода и сапун. Луѓето со аблутофобија често се срамат и се изолираат, бидејќи поголем дел од луѓето ја ценат чистотијата. Како и повеќето фобии, аблутофобијата ја предизвикува некаков трауматичен настан. На пример, бројот на случаи пораснал по прикажувањето на ,,Психо,, на Алфред Хичкок.

Барофобија, страв од гравитација

Стравот од висина и стравот од бучава се единствените две фобии кои се вродени кај сите од нас. Но, барофобија е нешто друго. Се јавува во два облика едни панично се плашат дека ќе бидат уништени од гравитацијата (од тука е и името), а други дека ќе исчезнат доколку ја снема гравитацијата. Покрај траума поврзана со гравитацијата, како што е пад од височина или некој тежок предмет, оваа фобија може да биде предизвикана и од нешто тривијално, на пример ако на некое дете му се објасни што е тоа гравитација и кои се последиците доколку таа исчезне или биде поголема.

Херофобија, страв од среќа

Оние кои патат од оваа навистина чудна фобија, намерно одбегнуваат нешта кои им се угодни. Се верува дека ова е своевидно анкциозно нарушување, бидејќи болните веруваат дека ќе им се случи нешто ужасно доколку уживаат во нешто. Исто така, во многу нешта е условен културолошки, бидејќи е почест во источните општества, кои многу помалку ја истакнуваат важноста на личната среќа.

Гефирофобија, страв од мостови

Луѓето со гефирофобија ги одбегнуваат сите рути кои вклучуваат поминување преку мостови. Некои од објаснувањата се стравот од тоа дека мостот може да се урне, или сам од себе или кога болниот ќе се обиде да го помине.

Глобофобија, страв од балони

Овој бизарен страв има два облика. Едни луѓе општо се плашат од балони, додека други панично стравуваат од звукот од пукање балони. Сигурно претпоставувате дека на глобофобичарите детските родендени им се кошмар. Ова нарушување не е често, но Опра Винфри е една од оние кои се плашат од балони.

Коумпоунфобија, страв од копчиња

Оваа фобија е ретка – од неа патат дури 75.000 луѓе. Болните можат да одбегнуваат облека со копчиња, да им се гади да се закопчуваат, а на некои им се гади самиот поглед на копче. Овој страв може да се пренесе и на копчињата од тастатурата. А ваквиот облик многу го има променето светот. Се верува дека Стив Џобс имал силна аверзија на копчињата на тастатурата, па тоа го натерало да креира екран чувствителен на допир.

Турофобија, страв од сирење

Многу е ретка, а како изгледа најдобро го опишува сведоштвото на малубројните луѓе кои патат од неа.

За мене, допирањето или јадењето сирење е исто како кога на некој кој панично се плаши од пајаци да му дадате да допре тарантулаопишува Мелиса Норт, која додава дека не може да помине покрај полица со сирење во супермаркет.

Тагови: фобии
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина