1. Додајте месо или малку сирење

Бидејќи веќе имате многу протеини и јајца, гледајте да ставите умерено месо и сирење во омлтот, само колку да го зачините малку и да му го подобрите вкусот. Одберете еден од двата избори, тој што повеќе ви се допаѓа. На пример, можете да додадете малку грилувано пилешко и да го украсите со зеленчук и парче козјо сирење.

2. Ако сепак сте одбрале сирење

Само полека. И онака ќе се растопи, така што нема потреба да ставате многу. Земете парче или мала количина сирење со висок квалитет, кое најмногу го сакате. Можете да пробате и со фета или рикота сирење.

3. Ставете многу зеленчук

Зеленчукот е најдобриот начин за да го подобрите вкусот и воедно да ги имате потребните нутритиенти без многу калории. Зелениот зеленчук е добар избор, но можете да ставите и лук, печурки, брокула. Буквално, се што ќе ви падне на памет од зеленчук.

4. Следете го „тројното“ правило

Одберете три намирници кои ќе ги искомбинирате со омлетот – две ниско калорични и една повеќе калорична. Пример, домат, печурки и авокадо или спанаќ, брокула и чедар сирење. Има бесконечно многу комбинации, но на вас останува да одберете.

5. Наместо сол, употребете зачински билки

Лук, босилок, рузмарин се само некои од многуте билки кои можете да ги употребите за да го засилите вкусот на омлетот, наместо да се фатите веднаш за солта.

6. Цели јајца или само белки?

Иако е здраво да се изеде цело јајце, се зависи од вашите приоритети. Едно јајце содржи отприлика околу 70 калории, 5 грама масти и 6 грама протеини. Во жолчката се содржат многу хранливи нутритиенти: протеини, витамини А, Б, Б6, Б12 и Д. Исто така, е богато и со холин и омега 3 масни киселини, кои се важни за работа на мозокот. Сепак, ако сакате да го намалите холестеролот и заситените масти или да го намалите внесувањето на калориите, можете да ставите едно цело јајце и две белки или да направите омлет само од белките.

7. Одберете поздрава страна

Зелената салата е одличен пар со омлетот. Можете да додате и печен компир, а ко не можете да јадете омлет без леб, тогаш користете го оној од цели зрна.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина