Алергиите секоја година напаѓаат се поголем број луѓе. Причината за тоа се крие во тежнеењето да го одржувате просторот околу вас стерилен, во пречестата употреба на антибиотици и на зголемениот број автоимуни болести. Меѓутоа, не секогаш причините за нивната појава се крие во овие причини. Погледнете кои се најчестите митови за алергиите.

1. Мит: Колку е почист домот, помал е ризикот од алергиите

Постарите генерации биле во почест контакт со нечистотиите и со бројни микроорганизми, поради што нивниот имунитет бил посилен. Додека поленските алергии најчесто се јавуваат во пубертетот и во подоцнежното животно доба, алергиите на храната се јавуваат уште во детството. Поради тоа, секојдневното смукање, чистење и дезинфицирање нема да го намали ризикот детето да добие алергија во подоцнежна возраст. Сепак, ако постои алергија на прашина, секако е добро да се намали изложеноста на овие алергени.

2. Мит: Некои намирници не можат да предизвикаат алергија

Факт е дека околу 90% од алергиите на храна потекнуваат од седум исти намирници: кикиритки, млеко, јајца, соја, пченка, риба и школки. Но, тоа не значи дека и некои други намирници не можат да предизвикаат алергија.

3. Мит: Антихистаминиците треба да се земаат веднаш при појавата на првите симптоми

По појавата на ужасни симптоми, како што е алерискиот ринитис, кивањето, кашлањето или астмата, само антихистаминиците нема да помогнат. Имунолозите тврдат дека таквите лекови треба да се земаат пред да се појават симптомите, во вообичаеното време на појавување на алергиите. Ако алергиската реакција е акутна, потребни ви се и лекови кои ќе ги подобрат дишните патишта.

4. Мит: Одделни кучиња не преидзвикуваат алергии

Се верува дека некои раси на кучиња, како што се пудлите, кои наместо крзно имаат влакна, не предизвикуваат алергии. Сепак, едно британско истражување докажало дека не постои ниедна раса кучиња која нема да предизвика алергија кај оние луѓе кои се алергични на животински влакна.

5. Мит: Детските алергии се минливи

Иако постои можност децата кои имаат алергија на некој вид намирници во младоста да ја надминат таа алергија, тоа не е универзално правило. Имено, во едно шведско истражување, научниците ги следеле реакциите на деца на возраст помеѓу 5 – 10 години, кои биле алергични на полен. Дванаесет години подоцна, повеќе од 90% од овие деца и понатаму го имале тој вид на алергија.

6. Мит: Недостигот на инфекции во детството значи повеќе алергии на постара возраст

Идејата дека повеќето инфекции за време на детството ги намалуваат шансите за развивање алергии е недокажана. Таа произлегла од идејата за hygiene hypothesis (хипотеза за хигиената), која е преставена во 1989 година. Хипотезата се базира на теоријата дека семејствата со повеќе членови се позаштитени од пелудната треска од помалите семејства, кои имале недоволен број на вообичаени инфекции кои се развиваат и се пренесуваат меѓу оние кои се во близок контакт.

7. Мит: Синтетичките хемикалии се тесно поврзани со зголемената појава на алергии

Претераната употреба за средства на чистење и лична хигиена со хемиски и антибактериски производи се чини за логична причина за настанување на бактериски култури во животниот простор. Но, доказите упатуваат на тоа дека секојдневното чистење нема големо влијание врз нивото на микроорганизмите ниту во просторот ниту врз нашето тело. Многу луѓе сметаат дека вештачки развиените хемикалии развиваат алергии, но се случува токму спротивното. Најчесто алергиските реакции се предизвикани од природните алергени, како што се јајца, млеко или ореви. Некои природни замени за синтетичките материи често знаат да ги засилат алергиските реакции.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина