Седите во друштво на попладневна скара или сте излезени во некој ресторан и од сите присутни комарците само вас ве касаат. Додека другите уживаат, вие седите и ги броите убодите, прашувајќи се зошто токму вие сте магнет за комарци. Погледнете во продолжение зошто е тоа така.

 

Крвна група

Оние кои имаат крвна група 0 повеќе привлекуваат комарци од оние кои се со крвна група А или Б.

 

Бременост и вишок килограми

Базалниот метаболизам означува колку вашето тело троши калории во состојба на мирување. На привлекувањето на комарците влијае и количината на CO2 кое телото го издишува додека ги согорува калориите. Со оглед на тоа дека здодевните натрапници ги привлекува CO2, оние кои повеќе го издишуваат се во поголема ,,опасност,,. Трудниците со вишок килограми имаат поголем базален метаболизам.

Боја на облеката

Потемната облека, посебно црната или темносината, повеќе ги привлекуваат комарците од светлата. Оние кои носат потемна облека повеќе се истакнуваат од оние во бела облека или облека со понежни, посветли нијанси.

 

Алкохол

Комарците го обожаваат мирисот на алкохолот во топлите летни вечери. Оние кои пијат се во поголема опасност од иритантните каснувања, бидејќи побрзо дишат и имаат потопла кожа.

 

Движење

Колку повеќе се движите и гестикулирате, толку сте им интересни на овие крвопијци, затоа што така се издвојувате од околината и полесно ве забележуваат.

Потење

Некои од нас потешко ги поднесуваат жешките летни денови и се потат повеќе од другите. Токму тоа им се допаѓа на комарците, кои според мирисот на потта веднаш ќе тргнат на вас.

Мириси

Ако сакате слаткасти парфеми, мора да знаете дека нив ги сакаат и комарците. Истото се однесува и за разните други производи, како што се млекото или маслото за тело.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина