kafe_naslovna

 

Иако поголемиот дел од луѓето не можат да го замислат утрото без шолја кафе, колку всушност знаеме за кофеинот? Веројатно знаете дека се наоѓа во некои газирани пијалоци, и дека ја подигнува енергијата. Но, ширум светот редовно се вршат истражувања за оваа состојка, а она што го дознале научниците може да ве изненади.

1) Позитивно делува на паметењето

Кофеинот позитивно делува како на краткорочното, така и на долгорочното паметење. Многу истражувања се занимавале токму со влијанието на кофеинот на краткорочното паметење, но неодамна е докажано и дека може да влијае на долги патеки. Околу 300-400 милиграми кофеин дневно може да ве заштити од деменција, па дури и од Алцхајмерова болест, тврдат научниците од Њујорк. Меѓутоа не е доволно само да пиете големи количини кафе – добриот сон е од клучно значење. За кофеинот да има ваков ефект, потребно е редовно да спиете осум часа.

2) Може да ги подобри спортските перформанси

Доколку консумирате пијалок со кофеин еден час пред вежбањето, тоа може да го подобри вашиот учинок. Не само што вашите мускули подобро ќе работат, туку и вие помалку ќе се заморувате. Имено, докажано е дека кофеинот ја намалува нашата перцепција на трудот. Со други зборови, кофеинот може да доведе до тоа околу нешто премногу да се трудите, а да не сте ни свесни за тоа. А, ова е особено корисно во фитнес салата.

 

kafe_1

 

3) Ефектот на кофеинот е речиси моментален

Кофеинот брзо влегува во крвотокот, доаѓа до мозокот и го стимулира нервниот систем – речиси моментално, по консумирањето. Тоа значи дека ќе почувствувате разбудување веднаш штом го испиете кафето, а ефектот трае од 30 до 60 минути. После тоа, започнува да опаѓа.

4) Различните видови на кафе имаат различна концентрација на кофеин

Тоа значи дека кафето во едно кафуле може да има повеќе кофеин отколку во друго, дури и ако е во прашање истата “Late” варијанта која има ист вкус. Генерално, во шолја кафе има од 90 до 225 милиграми кофеин.

5) Еспресото има помалку кофеин од обичното кафе

Сите мислат дека еспрерсото, заради интензивниот вкус е најбогато со кофеин.Меѓутоа, вистината е дека едно кратко еспресо има од 40 до 70 милиграми од оваа супстанца. А, тоа е значително помалку од просечна шолја кафе, било да е во прашање инстант варијанта или домашна, црна варијанта.

6) Кофеинот не дехидрира

Ова е честа заблуда. Со оглед на тоа што 98 % од кофеинот во своето тело го внесувате преку пијалоците, вие истовремено и се хидрирате. Значи, иако кофеинот е диуретик, не е вистина дека ќе бидете дехидрирани после неговото испивање. Секако, тоа не значи дека треба да претерувате.

7) Кофеинот не се наоѓа само во пијалоците

Дали знаевте дека чоколадата е исто така извор на кофеин? Освен чоколадата, кофеинот често се наоѓа и во други намирници, како и во лековите. Многу аналгетици ја содржат оваа супстанца, па би било најдобро да се консултирате со својот лекар пред земањето на кофеинот, доколку имате проблеми со срцето.

 

Тагови: кафекофеин