Вашиот мозок ги насочува и управува вашите мисли и дела. Меѓутоа, кога станува збор за внатрешното работење на вашето тело, хормоните се одговорни речиси за се. Всушност, вашиот ендокринолошки систем – мрежа од жлезди кои ги лачат и ги регулираат хормоните – е оној кој е надлежен за речиси сите телесни функции. Жлездите кои се дел од вашиот ендокринолошки систем управува речиси со се, од расположението до апетитот, репродуктивниот циклус и имунитетот. Тие го прават тоа преку опуштање и регулирање на хормоните кои се, буквално, хемиски гласници кои на различни системи во организмот им кажуваат како да се однесуваат. Сигурно веќе сте запознаени со естрогенот и тестостеронот, примарните машки и женски полови хормони. А еве што треба да се знае и за седумте други хормони, бидејќи и тие се важни.

 

Штитна жлезда

 

Што прави?- Може да се каже дека таа е термостатот на метаболизмот. Од апетиот и нивото на енергија до тајмингот и обилноста на менструацијата, таа игра важна улога кај многу внатрешни функции. Најчестото нарушување кај жените е токму нарушувањето на функционирањето на оваа жлезда.

 

Знаци дека нешто не е во ред- Ако штитната жлезда лачи премногу хормони, тогаш најчесто доаѓа до прејадување, нервоза и раздразливост, губење на коскената маса или срцебиење или константна топлина. А, кога се лачи недоволно, тогаш се се забавува. Размислувањето станува ,,магловито,, опажа нивото на енергијата, а менструалниот циклус може да биде пообилен и да трае подолго.

 

Прогестерон

 

Што прави? –Овој хормон е многу важен за бременоста, бидејќи и помага на матката да прифати и да се прилагоди на присуството на спермата. Прогестеронот драматично расте и опаѓа за време на менструалниот циклсу. Стручњаците понекогаш го нарекуваат и хормон ,,валиум,,, затоа што кога неговото ниво е многу високо се чувствувате многу добродушно, добро спиете и повеќе јадете. Пре овој негов врв, малото зголемување на неговото ниво внесува енергија во размислувањето и однесувањето.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Компликации со бременоста, нередовни или преобилни месечни циклуси, ниско ниво на енергија или зголемување на телесната тежина.

 

Мелатонин

 

Што прави?-Со регулирање на биолошкиот часовник на вашето тело, мелатонинот помага да заспиете навечер, а игра важна улога и кога се работи за апетитот и нивото на енергија.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Се чувствувате поспано во текот на денот, а полни сте со енергија за време на вечерта, во време кога телот треба да одмора и да се подготвува за спиење.

Апетитот и нивото на енергија можат да бидат поизразени и поголемои во ,,непријатно,, време.

 

 

Паратироиден хормон

 

Што прави? –Помага во регулирањето на нивото на калциум во крвта, органите и коските. Исто така, овој хормон му помага на телото во разложувањето и метаболизмот на витаминот Д.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Грчеви во рацете и нозете, како и неправилна работа на срцето се знац дека хормонот на тироидната жлезда не се лачи во доволни количини. Од друга страна, дехидратацијата, камен во бубрег и остеопорозата се поврзуваат со хиперпродукцијата на споменатиов хормон.

 

Кортизол

 

Што прави?- Се подига кога сме под стрес. Исто така, помага во создавањето сеќавања, регулирање на нивото на шеќер во крвта, ја оддржува под контрола рамнотежата помеѓу солта и водата во организмот и ги забавува или забрзува воспаленијата.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Црвенило на лицето, опаѓање на косата, остеопороза и неправилни менструални циклуси можат да бидат знаци дека количината на кортизол во организмот не е на оптимално ниво.

 

Грелин

 

Што прави?- Овој хормон го стимулира чувството на глад. Исто така, му кажува на желудникот да почне со лачење на киселини за варење на храната и сокови кои овозможуваат да се разгради по јадењето.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Гладни сте многу брзо откако сте јаделе или никако не можете да се заситите. Премалку сон и премногу стрес можат да влијаат врз неконтролираното лачење на овој хормон. Проблемите со грелинот можат да влијаат на претераното консумирање јагленохидрати или шеќери во организмот.

 

Инсулин

 

Што прави? –Тој им овозможува на клетките во мускулите и црниот дроб да ја апсорбираат гликозата – или енергијата – која циркулира во крвта. Оваа енергија се создава од храната која ја јадеме.

 

Знаци дека нешто не е во ред-Премалку или премногу инсулин ја оневозможува способноста на организмот да управува со нивото на гликоза во крвта. На почетокот. Тоа може да доведе до екстремно чувство на жед, често уринирање или појава на чудни дамки на кожата. Подоцна може да се развие во дијабетес тип 1 или тип 2.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина