Оваа намирница содржи големи количини витамини и минерали, како што се фолна киселина, витамини А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум. Содржи и лутеин и зеансантин, поради што е одличен борец против разни болести.

Меѓутоа, многу е важно да не го подгревате спанаќот, бидејќи во себе содржи нитрати, кои со дејствување на микроорганизмите и загревање преоѓаат во нитрити и нитозамини, кои се многу штетни и канцерогени за човековиот организам. Затоа најдобро е спанаќот да се консумира непреработен, односно во свежа состојба, или веднаш по подготовката.

Еве за што се е најдобар.

1. Здравје на срцето

Овој вкусен лисјест зеленчук може да го забрза закрепнувањето по срцев удар, и тоа за една третина, додека во значителна мера го подобрува закрепнувањето по мозочен удар, како што покажуваат неодамнешните американски истражувања. Студиите на Универзитетот во Тексас покажале дека спанаќот содржи нитрат кој помага во ширењето на затворените и затнати артерии, што придонесува за подобро снабдување со кислород на срцето.

2. Штити од рак

Неодамнешните истражувања утврдиле дека од сите овошја и зеленчуци, спанаќот е еден од најефикасните намирници во борбата против ракот. Тој содржи бројни витамини и минерали, меѓу друите и бета – каротен, лутеин и зеаксантин, кои се моќни антиоксиданси, а кои можат да го блокираат развојот на рак во раната фаза. Исто така, содржи и големи количини фолати, кои имаат својства да го превенираат ракот.

3. Против анемија

Анемијата е состојба во која крвта нема доволно здрави крвни зрнца, односно хемоглобин – протеинска молекула која го носи кислородот од белите дробови до ткивата. Железото е клучен минерал за здрава крв, а спанаќот е одличен борец против анемијата, бидејќи содржи 20% железо од потребните количини на дневно ниво.

4. Го штити видот и го подмладува организмот

Со редовно консумирање на спанаќ, подолго време ќе бидете млади и во топ форма. Имено, овој зеленчук е идеален против стареењето, бидејќи содржи каротиноиди, супстанции кои го подмладуваат организмот и кои ја хранат мрежницата на окото и штитат од слепило.

5. Против гавоболки

Главоболките претставуваат голем проблем кај голем број луѓе. Ако при рака немате таблета против главоболка или не сакате да земате лекови, одредени намирници можат да ви помогнат, а тука спаѓа и спанаќот, кој содржи рибофлавин, тип на витамин Б кој спречува мигрени.

6. Детоксикација на организмот

Спанаќот е одличен извор на витаминот Ц и на калиум, но и на фолна киселина и железо. Зелената боја му ја должи на хлорофилот, кој е исклучително важен за детоксикација на организмот, бидејќи се смета за ,,чистач,, на црниот дроб и крвта. Исто така тој изобилува и со витаминот К, кој делува поволно на коските.

7. Обликувани и силни мускули

Научниците од шведскиот Институт Каролинска, утврдиле дека секојдневното консумирање на спанаќ многу ги зајакнува мускулите. Порција од 300 грама спанаќ ја намалува за 5% количината на кислород која им е потребна на мускулите за време на вежбање. Тајната не е во железото, туку во нитратите, кои спанаќот ги има во изобилство.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина