Понекогаш кога ќе почувствуваме болка научени сме да ги игнорираме, но некои можат да бидат и тоа како опасни. Ова се седумте најважни кои можат да го загрозат вашето здравје.

1. Остра болка меѓу лопатките

Можна причина: срцев удар

30% од луѓето кои имале срцев удар немале класични симптоми. Болката меѓу лопатките е почеста кај жените, покрај болката во вилицата, мачнините и недостигот на воздух. Ако забележите некои од овие симптоми, веднаш појдете на доктор.

2. Силна главоболка

Можна причина: аневризам

Повеќето луѓе чувствуваат полесна или умерена главоболка која може да се излекува со обична таблета. Но, ако почувствувате исклучително силна и нагла главоболка, појдете на доктор. Разликата помеѓу мигрената и болката од аневризма е во тоа што мигрената создава мачнини, чувствителност на светлина и звуци. Ако се работи за продорна и силна болка која до сега не сте ја почувствувале, не земајте лекови против болки, бидејќи со тоа ќе го влошите крварењето на крвните садови по пукнувањето.

3. Тапа болка на долната десна страна на стомачната шуплина

Можна причина: воспаление на слепо црево

Болката се јавува на средина на стомакот и постапно се шири кон десната страна. Со пукање на слепото црево, бактериите можат да влезат во крвотокот и да го инфицираат целото тело.

4. Забоболка која ве буди

Можна причина: чкртање на забите

Честото стегање на забите миже да го воспалат забниот нерв, а можете и да го оштетите нервот до коренот, поради што ќе мора да се отстрани забот. Подобро посетете стоматолог, кој може на време да спречи да се влошат симптомите.

5. Болка на средина на грбот, проследена со температура

Можна причина: воспаление на бубрезите

Температура, мачнина или болки во грбот не се само знак за проблеми со желудникот. Често причина за тоа е бактеријата која го има прво инфицирано уринарниот тракт, па потоа се раширила до бубрезите и дополнително ја влошила состојбата. Ќе чувствувате и болка при мокрењето. Сепак, овие симптоми не смеете да ги игнорирате, бидејќи можат да бидат опасни по живот. Ведаш посетете доктор, кој по прегледот ќе ви припише антибиотик.

6. Менструални грчеви кои не престануваат

Можна причина: ендометриоза

Сте зеле таблета против болки, но менструалните грчеви и понатаму се присутни? Можеби се работи за ендометриоза, воспаление на слојот на матката, кое погодува и до 60% од жените за време на менструалниот циклус. Проблемот често се решава со земање орални контрацептиви, кои ги регулираат хормонските промени и лекуваат болка.

7. Мек дел на ножниот лист

Можна причина: длабока венска тромбоза (ДВТ)

Ако ве боли само еден дел на ногата, можеби се работи за ДТВ, згрутчување на крвта во длабоките вени. Делот може да биде и отечен и топол на допир. Секако не ги игнорирајте симптомите, бидејќи понекогаш згрутчувањето може да се оддели и да стигне се до белите дробови, каде го сопира крвотокот. Ако стигне до срцето, ќе доведе до срцец удар, а ако дојде до мозокот, предизвикува мозочен удар.

 

Тагови: болки
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина