Се што ви е потребно за да го доведете своето тело во совршена форма е само една минута. Овие вежби делуваат на сите главни групи на мускули и за миг ќе ви дадат тело од соништата.

1. Моќен планк со склек

 

 

 

 

Движењата изведувајте ги едно по друго, без одмор помеѓу. Ваша цел е сетот од вежби да го изведете за 60 секунди иако на почеток можеби ќе ви треба малку повеќе време. Почетниците треба да го изведат овој сет за 2 минути.

Застанете со нозете во расчекорен став, во рамнина со рамењата. Клекнете и ставете ги рацете на подот пред нозете. Скокнете или повлечете ги нозете во позиција за планк, држејќи го телото издолжено со стегање на стомачните мускули. Задржете се во оваа положба и бројте до 8. Потоа направете 2 склека, скокнете или малку поместете ги нозете кон рацете. Целото ова движење повторете го уште 4 пати.

 

2. Супермен

 

 

 

Легнете на стомак, со испружени раце и нозе. Истегнете го телото и подигнете ги рацете и нозете во исто време. Останете во оваа положба 10 секунди.

 

3. Велосипед – стомачни

 

 

 

Легнете на грб, со рацете ставени зад главата, со подигнати нозе и стапала. Колената свиткајте ги под агол од 90 степени. Подигнете ги главата и рамењата од подот. Ротирајте го торзото, така што левото рамо да се поместува кон десното колено. Во исто време исправете ја и спуштете ја десната нога. Истото ова направете го и со десното рамо. Целта е да се направат по 10 повторувања на секоја страна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина