Нервниот слом не е само медицински термин и не значи некоја одредена болест. Тоа значи дека човекот не може повеќе да ги поднесува животните стресови или депресијата и дека повеќе не може да функционира нормално. Причините можат да бидат различни, од стрес на работното место, финансиски потешкотии, потешкотии од разведување или семејни проблеми. Повеќе му се наклонети психички лабилните, како и оние кои патат од ментални болести, како депресија, акутно стресно нарушување и шизофренија. Но, нервниот слом може секого да го погоди, а воглавно се манифестира со неконтролирани напади на паника или со целосна загуба на интерес за било што. Многу често е поврзан со т.н. синдром на горење (анг. burn out). Следниве знаци исто така можат да укажуваат на голема опасност од нервен слом и не треба да се занемаруваат.

 

Нарушено внимание

 

Дали ви е тешко да се концентрирате: Долготрајниот стрес може да го опустоши мозокот, а причината за тоа лежи во зголеменото ниво на хормонот кортизол, кој му штети на помнењето. Хроничниот стрес доведува до нарушување на вниманието, па луѓето можат да почнат да забележуваат зголемено губење на помнењето. Тоа вклучува заборавеност, неможнот за решавање на проблемите, неможност за изнаоѓање адекватни решенија и сл.

Нарушено спиење

 

Подолгиот период на депресија и хроничен замор доведува и до проблеми со спиењето. Освен несоница и подолго време потребно за заспивање, може да има и будење сред ноќ и неможност за повторно заспивање. А, тоа, пак, предизвикува долготраен недостиг на сон, по што се зголемува опасноста од висок крвен притисок и инфаркт. Поврзаноста помеѓу психијатриските и психолошките проблеми и нарушувањата во спиењето е многу висока. Депресијата и анкциозноста токму се хранат од недостатокот на сон, кој честопати ги доведува луѓето до работ.

 

Зголемена потиштеност

 

Разликата помеѓу анкциозното нарушување и ,,обичната,, потиштеност се составен дел од количината негативни емоции и страдања која човекот ја доживува. Анкциозноста може да биде главна причина која води до нервен слом. Состојбата станува алармантна кога луѓето ќе ги парализира стравот и кога се ќе им стане отежнато. Ваквата сериозна состојба е тешко да се контролира, па може да доведе и до самоубиство.

 

Дигестивни тегоби

 

Нервниот слом е процес, а не моментална појава. Кај ногумина прв показател дека нешто се случува е дигестијата, а најчесто се работи за синдром на иритабилен колон. Се работи за хронична болест, чии симптоми се болка во стомакот, грчеви, надуеност, гасови, пролив или запек. Друг вид проблеми се желудочни киселини и рефлукс, а неретко и гастритис.

 

Потреба за нездрава храна и навики

 

Стресот предизвикува зголемено лачење на некои хормони, како што е адреналинот, што пак ја зголемува потребата за високо калорична храна. Телото копнее по масна храна, но и ја плаќа цената за ова задоволство. Кај некои луѓе, пак, доаѓа до губење на апетитот и одбивање храна.

Недостиг на лична хигиена

 

На луѓето престанува да им биде важно како изгледаат и што носат на себе. Одбиваат да се капат и да ја средуваат косата. Депресијата го погодува и телото, не само умот. Депресивните луѓе воглавно се жалат на недостиг на енергија и живост, па повеќето од нив не се повеќе способни да се грижат за себе. Тоа е воедно и еден од главните знаци на депресијата. Никој не може дам са го носи тој товар и во таква ситуација мора да побара помош, како стручна, така и пријателска. Исто така е важна и молитвата и предавањето на Бога. Во секој сучај нужно е да се исчекори и да се побара помош – од луѓето и од Бога.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина