Сите знаеме дека кога сме болни, од топол чај или супа се чувствуваме многу подобро, но постојат одредени намирници кои не се сојузници во борбата против настинката, туку кои напротив дополнително ги појачуваат симптомите. Еве кои се тие…

 

Купени овошни сокови

 

Исцедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали кои му се и тоа како потребни на телото, но тоа не важни и за купечките сокови. Имено, ваквите напитоци во себе содржат големи количини шеќер, кои се врзуваат за крвните клетки и ги ,,крадат,, витамините од телото и со самото тоа го наслабнуваат имунитетот.

 

Пржена храна

Пржената храна не е здрава ни кога сме здрави, а замислете само колку е таа штетна за телото наслабнато од вирозата. Таа е преполна со заситени масни киселини, кои тешко се варат и кои значително можат да го нарушат системот за варење на организмот, кој во текот на болеста и онака не работи со полна сила.

 

Кафе

Кога сме болни, треба да го зголемиме консумирањето на течности. Кафето, односно кофеинот како главна состојка на омилениот црн напиток делува како многу силен диуретик, што може да предизвика дехидратација на веќе ослабениот организам.

 

Кисели намирници

Киселите намирници можат да ја иритираат веќе оштетената од болест слузницата, што може дополнително да ги влоши симптомите на болеста. Во таа група спаѓаат киселите зеленчуци, цитрусите, посебно портокалите и доматите во сите облици. Цитрусите подобро исцедете ги и измешајте ги со топли напитоци и мед.

 

Алкохол

Исто како и кафето, алкохолот ја ,,тера,, течноста од телото и со самото тоа може да предизвика дехидратација, a мешањето на алкохолот со некои лекови може да го намали нивното делување. Иако истражувањата потврдуваат дека чаша вино со оброк го јакне имунитетот, кога сте болни, исфрлете ја оваа навика и заменете ја чашата вино со чаша природен сок или со чај.

 

Млечни производи

Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д, кој помага во јакнење на организмот, исто така го засилува излачувањето на природната слуз од организмот, што може дополнително да ја засили кашлицата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина