Болката која е знак за здравствен проблем опасен по животот започнува нагло и е исклучително силна. Проверете кој вид на болка никогаш не смеете да го игнорирате.

1. Ненадејна и силна главоболка

 

Ако не патите од мигрена и ретко се среќавате со главоболка, нагла и неподнослива болка во главата може да биде последица за пукање на крвните садови во мозокот и затоа треба веднаш да пбарате помош од доктор за да го остраните секое сомневање за постоење опасен здравстен проблем.

 

2. Болка во градите која се шири

 

Ако наглото чувство на болка се шири кон рамењата, левата рака или вилицата, тоа може да биде еден од знаците за срцев удар.

 

3. Болка која започнува во долниот дел од грбот и поминува на нозете

 

Кога е проследена со чувство на слабост или одземеност во нозете и губење на контролата над мокрењето, тогаш тоа упатува на т.н. синдром на коњска опашка, сериозно вклештување на нервите на дното од рбетниот мозок.

 

4. Константно ‘боцкање’ во стапалата

 

Овие трнења, со кои доаѓа и чувство на здрвеност, спаѓаат во групата на тивки знаци за дијабетес. Всушност се работи за оштетување на нервите, настанато поради високи нивоа на шеќер во крвта.

 

5. Болка во стомакот, која започнува во пределот на папокот

 

Потоа се шири кон долниот десен дел од стомакот и е знак за воспаление на слепото црево, кое мора да се реши со итен оперативен зафат. Обично е проследена со висока телесна температура и повраќање, но дури и да не постојат овие симптоми и само ако се чувствува болка, треба веднаш да се појде на доктор.

6. Грчевита болка во нозете.

Не сте се повредиле, а чувствувате силна болка во нозете, посебно во потколениците, покрај која се појавува црвенило, отоци и болни места кои се топли на допир? Постои можност да се работи за длабока венска тромбоза настаната поради оштетување на венската циркулација. Не ги масирајте и не допирајте ги болните места и веднаш појдете на доктор, кој ќе ве прати на потребните испитувања. Освен венската тромбоза, и проширените вени исто така се голем проблем кој ја измачува секоја жена.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина