Освен губење на вишокот килограми, со вежбањето можат да се регулираат и бројни здравствени тегоби. Болки во грбот, бранови жештина… За сите нив постои лек во вежбањето разни видови тренинзи, но во точно одредени временски раздели и траења. Погледнете кои вежби треба да ги правите против болки во грбот, слабо либидо, засилена желба за храна, слаб имунолошки систем…

1. Замор во текот на денот

Наместо да се потпирате на кофеинот, придвижете се. Оние кои вежбаат два ипол часа неделно имаат за 65 % помал ризик да бидат уморени. Рецепт – вежбајте јога, бидејќи така се отстранува несоницата.

2. Болки во грбот

Со вежбите за јакнење на мускулите болката може да се намали за 30 – 80% за 10 до 12 недели. Рецепт – два или три пати неделно правете вежби за јакнење на стомачните мускули и мускулите на долниот дел на грбот. Секоја вежба правете ја два до четири пати со осум до 16 повторувања.

3. Слаба сексуална желба

Според едно истражување, жените кои вежбале 20 минути на подвижна лента биле повеќе возбудени при гледање еротски филм од оние кои не вежбале. Рецепт – забрзајте ја работата на срцето со танцување. Покрај тоа, вежбањето на одредени јога пози го подобруваат протокот на крв во карличната зона.

4. Желба за храна

Спречете ја оваа желба на два начина: со јагленохидрати или со вежбање. И двете значително ќе го подигнат нивото на допамин, но само еден ќе има позитивен ефект на задникот. Рецепт – кога ќе почувствувате желба за слатки, одвојте 15 минути за брза прошетка.

5. Слаб имунолошки систем

Аеробик вежбите се природен начин за борење против настинките, бидејќи тие ги исфрчаат имуно-клетките од ткивата и ги уфрлаат во крвотокот, каде се борат против бактериите и вирусите. Рецепт правете кардо-вежби не подолго од 90 минути, бидејќи во спротивно се зголемува ризикот од болести.

6. Бранови жештина

Вежбањето помага да се оддржува здравиот индекс на телесна маса и да се намали стресот, кој може да доведе до бранови жештина. Прошетката од 30 минути или трчањето на подвижна лента го намалува чувството на топлина за 74% за 24 часа. Рецепт – правете кардио тренинзи по 30 минути пет дена во неделата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина