Некогаш некои вежби ни се потребни за да функционираме како што треба. Доволно е да направите неколку вежби, дури и од кревет, за да ги раздвижите мускулите, да ги нормализирате процесите во телото, да го подобрите расположението и т.н. Дознајте кои се тие вежби и почнете да ги правите веќе следното утро.

1. Сладолед

 

 

Не станувајте веднаш од кревет кога ќе се разбудите. Дозволете си едно добро истегнување. Тргнете ја перницата од под глава и завиткајте една крпа во помала перница (околу 8 сантиметри во пречник). Крпата подгответе ја претходно за да не морате наутро да станувате. Крпата поставете ја зад грбот, точно под лопатките и рацете префрлете ги над глава. Задачата е да се опуштите целосно и да се ,,истопите,, на оваа перница. Смејте се со усните и очите и обидете се да се смеете од стомакот, градите, целото тело, додека и понатаму лежите на грб на крпата.

* Сите други вежби се прават со перница под вратот.

 

2. Миење

 

 

Ставете ја крпата-перница под вратот. Протријте ги палците така што да станат топли и ,,измијте,, го лицето така што ќе ги триете со палците лицето, челото, се до тилот, а потоа минувајте околу ушите. Истото направете го на вратот, градите и стомакот.

 

3. Притискање

 

 

И понатаму останете на рб, со перницата под врат. Подигнете ја десната рака, а со левата фатете ја и малку стискајте ја масирајте ја од малиот прст до лактот, а потоа спуштајте се надолу кон половината, како да цедите нешто лошо од рацете. Повторете го третманот и на другата рака.

Истото направете го и со нозете, ,,исцедете,, се што е лошо од нив, така што прво ќе ги притискате прстите и кревајќи се се до глуждот, па се до внатрешниот дел од бутовите.

 

4. Корење

 

 

Свиткајте ги колената (и понатаму лежите на грб) и фатете ја левата пета и тријте ја енергично. Потоа притиснете го елот о дтабаните кој најмногу допира кога одите – тоа се вашите корени. Можете да ги пронајдете меѓу сите прсти, табани и пети.

 

5. Истегнување

 

 

Истегнете го телото со испреплетени прсти и со рацете поставени над глава. Подигнете ги рацете горе, а петите туркајте ги кон долу. Полека спуштајте ги рацете, а прстите на нозете испружете ги како што прават балерините. Повторете ја вежбата неколку пати.

 

Истегнување 2

 

Направете истегнување така што ќе ја подигнете една рака и на на спротивната нога. Ногата која е на истата страна со раката која сте ја подигнале свиткајте ја во коленото, a погледот вперете го кон раката која е испружена. Потоа променете ги раката и ногата и повторете ја вежбата.

 

6. Крокодил

 

 

Подигнете ги нозете свиткани во коленото кон стомакот, а рацете испружете ги покрај телото, во рамнина со рамењата. Нозете свиткајте ги заедно и во исто време движете ги кон левата страна, истовремено вртејќи ја главата во десно. Потоа повторете на другата страна.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина