zeni_2

 

Жените се понежниот и поромантичниот пол и полесно им е да бидат моногамни, а добриот оргазам може да ги натера да се заљубат. Доколку мислевте дека ова е точно, не сте во право.

Ова се шесте најстари митови за женската сексуалност.

 

Жените повеќе ја сакаат моногамијата

Една од најчестите претпоставки е дека женскиот ерос е многу попогоден за моногамија отколку машкото либидо, но тоа е само мит- вели Даниел Бергнер, автор на книгата „What Do Women Want? Adventures in the Science of Female Desire“.

Тој наведува едно истражување спроведено во Германија во 2006 година, во кое се испитувале повеќе од 2500 парови и кое открило дека на жените моногамните врски побрзо им стануваат здодевни отколку на мажите. Една канадска студија од 2012 година го потврдила ова откритие.

Жените не го сакаат толку сексот колку мажите

Се претпоставува дека мажите имаат повисоко либидо отколку жените. Но, според Бергнер, жените се подеднакво заинтересирани за секс колку и мажите, а можно е и да се биолошки програмирани да бараат секс со повеќе различни партнери во текот на животот. Сепак, романтичните конвенции ги ограничуваат жените пасивно да чекаат на мажите, додека пак осудата од општеството ги спречува да се искажат како сексуални суштества.

Жените не се стимулираат толку визуелно како мажите

Жените всушност може многу повеќе да се возбудат визуелно отколку мажите, само што помалку зборуваат за тоа. Едно американско истражување открило дека и жените физички реагираат многу бурно за време на гледање на еротски материјал. Иако жените во анкетата во просек уживале помалку од мажите во еротскиот материјал, нивните мозочни бранови реагирале подеднакво како и мажите.

На жените им е потребно многу повеќе време за да се возбудат

Според истражувањата на еден американски универзитет, мажите и жените се возбудуваат за време на истиот временски период- и на мажите и на жените им било потребно отколку 10 минути за потполно да се возбудат за време на гледање на порнографски материјал. Силните физички возбудувања не се поврзуваат секогаш со емоционалната желба за секс. Ова истражување покажало дека не е точно дека на жените им е потребно повеќе време да се возбудат. Освен тоа, се смета дека на жените им е потребно повеќе време да доживеат оргазам. И , тоа не е точно: на жените и мажите им е потребно отприлика исто време да доживеат оргазам за време на мастурбација! Сепак, на жените им е потребно повеќе време да доживеат оргазам во текот на сексот.

Либидото и уживањето во сексот кај жените се намалуваат со текот на годините

Според истражувањето на Универзитетот во Тексас, жените во своите триесетти и четириессети години имаат зголемен сексуален нагон отколку додека се тинејџерки. Освен тоа, тие тогаш имаат и најсилни оргазми и најголеми шанси за достигнување повеќекратни оргазми. Голем број истражувања покажуваат дека на жените сексот им е се попријатен како што стануваат повозрасни.

Оргазамот ги наведува жените да се заљубат

Иако оргазамот и кај мажите и кај жените предизвикува ослободување на „хормонот на љубовта″- окитоцин, не постои доказ дека овој хормон е одговорен за заљубувањето. За да се докаже ова се потребни уште истражувања, но сигурно е тоа дека оргазамот има слични дејство и врз жените и врз мажите.