Контрацептивните пилули се една од најчестите методи за контрацепција. Ако се семаат правилно, имаат 99,7% ефикасност. Но, постојат ситуации кога не делуваат воопшто, односно кога и покрај нивното користење може да дојде до зачнување.

 

Ова се 6 најчести причини поради кои тие може да не делуваат:

 

Сте заборавиле да се напиете активна пилула или предоцна сте почнале со новото пакување

 

Најголема причина поради која антибеби пилулите не делуваат е поради нередовно земање. Потчно кажано, заборавањето да се испие една таблета е најголема грешка која може да се направи, бидејќи тогаш постои можност да се забремени, посебно ако сте заборавиле да ја испиете првата активна пилула во пакувањето.

 

Кај повеќето контрацептивно пилули нема ништо да се случи ако се работи за средина или за крај на пакувањето, но ако започнувате нов циклус и заборавите да ја испиете првата или некоја од првите 7 активни пилули, тука може да се појави проблем. Може да започне вашиот овулациски циклус, кој понатамошното земање на пилули не може да го сопре. Првата недела од земањето активни пилули е најважна за спречување на развојот на јајце-клетките, што значи дека постои поголема можност за зачнување ако направите поголема пауза одошто е пропишано помеѓу крајот на земањето едно пакување пилули и почетокот на земање на друго.

Ако заборавите да се напиете една пилула, испијте ја штом ќе се сетите, но испијте ја и онаа од тој ден која редовно доаѓа да се земе. При грешка на земање на антибеби пилулите, земете предвид дека контрацептивното делување може да се намали, па ќе мора да користите дополнителна механичка заштита, се додека не го потрошите целото пакување. За полесно да се сетите да испиете пилула, местете го алармот секој ден или користете апликација која ќе ве потсети на тоа и следете ги деновите во неделата означени на пакувањето.

 

 

Имате воспаление на цревата или некој друг проблем со дигестијата

 

Цревната болест како што е Кроновата или воспалението на цревата го оневозможува телото правилно да апсорбира какви било орални медикаменти, вклучувајќи ги и антибеби пилулите. Која и да е состојба која влијае врз телото да ги апсорбира хормоните или која ја зголемува брзината со која хормоните се метаболизираат, може да го намали дејството на контрацептивните пилули. Хроничниот пролив исто така може да ја попречува апсорпцијата. Ако имате дијареја или повраќате ден – два, мора дополнително да се заштитите.

 

 

Земате одредени лекови против мигрена или епилепсија

 

Одредени видови лекови кои се земаат во случај на епилепсија го зголемуваат бројот на ензимите на црниот дроб, што значи дека се забрзува процесот на разградување на хормоните на црниот дроб. Тоа важи за секој облик на хормонска контрацепција, без разлика на начинот на примена, што значи и за фластерот и за хормонскиот прстен. Некои лекови за епилепсија можат да се земаат и во случај на мигрена, па пред да почнете да ги земаат, жените треба на својот доктор да му напоменат каква контрацепција користат.

 

 

Не ги земате пилулите точно во исто време секој ден

 

Временските осцилации од 3 – 4 часа нема да бидат проблем при земањето комбинирана хормонска контрацепција – пилули со естроген и гестаген, иако секкао се препорачуваат колку што може поредовно да се земаат. Но, ако пиете пилули кои содржат само гестагон, треба да бидете повнимателни со точниот распоред на нивно земање. Овие пилули обично ги земаат оние жени кои дојат или кога жената од некоја причина не може да зема естроген.

 

 

Пиете одредени антибиотици

 

Повеќето вообичаени антибиотици, како што се оние за инфекции на горните дишни патишта, уринарна инфекција или по вадење заб, не влијаат врз контрацепцијата. Но, некои поретко користени антибиотици можат да влијаат врз дејството на контрацептивните пилули.

 

 

Користите кантарион

 

Кантарионот е растителен лек кој најчесто се зема при психички состојби, како што е депресијата на пример. Тој може да го зголеми разградувањето на естрогенот и така да ја направи оралната контрацепција помалку ефикасна. Ако земате контрацептивни пилули, најдобро е да го одбегнувате кантарионот и да видите да користите наместо него некои други растителни препарати во договор со доктор или да одберете некој друг облик на контрацепција.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина