Најчеста причина за подригнувањето е голтањето на премногу воздух за време на јадење, но ако стане зачестено и проследено со некои симптоми, тогаш е време да се појде на доктор со цел да се исклучи некои од можните болести, како што е желудочен рефлукс, Кронова болест или алергија на храна.

 

Ако подригнувањето потрае три дена и е зечестено, мора да се посети доктор. Аерофагијата или голтањето воздух е толку честа појава, што е тешко да се забележи, затоа што се случува додека јадеме, пиеме или џвакаме гума за џвакање, по што се јавува подригнување, бидејќи сиот тој ,,заробен,, воздух мора да излезе некаде. Доколку патите од аерофагија, тоа не значи дека сте болни, туку дека само треба да промените некои навики, како на пример побавно да се јаде и да се џвака со затворена уста. Подригнувањето без пратечки симптоми речиси никогаш не е знак за болест, но ако го следат низа од наведениве симптоми мора да се обрати внимание и да се провери здравствената состојба.

 

Ненадејно повраќање

 

Ако подригнувањето дојде брзо и ненадејно, а е проследено со мачнина и обилно повраќање, тоа може да биде симптом за состојба опасна по животот.  Ако не можете да задржите никаква храна, а стомакот ви е натечен и болен на допир, таквата состојба може да упатува на опструкција на цревата. Најчести симптоми за механичка опструкција се адхезија, хернија и тумори. Други причини се дивертикулитис, туѓи тела (вклучувајќи камења во жолчка), волвулус (увртување на цревата на сопствената мезентерија), инвагинација (вовлекување на еден сегмент од цревата во друг налик на телескоп) и фекална импакција.

 

Силно чувство на надуеност

 

Ова чувство може да се јави како причина од премногу наголтан воздух. Доколку е проследена со болки во стомакот, тоа може да биде знак за цревна опструкција. Надуеноста е исто така и еден од симптомите на иритабилни црева и нетолеранција на лактоза. Двете овие состојби често се проследени со подригнување.

 

 

Силна и остра болка во ребрата

 

Може да биде знак за абдоминални кила (хернија). Хернија на абдоминалниот ѕид претставува испапчување на абдоминалната содржина преку стекнато или вродено место на слабост или дефект во стомачниот ѕид. Сама по себе хернијата не е итна ситуација, но може да биде непријатна. Многу хернии се без симптоми, додека некои предизвикуваат болки и епотребна е итна операција. Ако не се лекува, може да биде смртоносна.

 

Интензивно чувство на печење во грлото

 

Ако храната често ви се враќа после јадење, а вкусот е налик на желудочна киселина и чувствувате пецкање во градите, можно е да имате гастроезофагеален рефлукс. Со оглед на тоа жто жиговината е честа појава кај многумина, се мисли дека лесно се препознава и лекува, но понекогаш нејзините симптоми се помалку очигледни и лесно можат да се заменат со тегоби на некои други болести.

 

Губење на тежината (без обидување за тоа)

 

Рапидното губење на теелсната тежина, проследено со подригнување е уште еден знак за застој на цревата. Ако тежината се губи бавно, но континуирано без да се обидувате, треба да се изврши тестирање на состојби како што е синдром на иритабилни црева, Кронова болест и алергија на храна. Ретко, но можно е губењето на телесната тежина, проледена со подригнување, да биде знак за рак на желудникот.

 

Пролив или запек

 

Кога подригнувањето се јавува со други гастроинтестинални тегоби, како што се запек или пролив, тоа може да укажува на синдром на иритабилни црева, нетолеранција на лактоза или чувствителност на одредена група на намирници.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина