На што прво помислувате кога ќе го слушнете поимот ,,арганово масло,,? Сјајна, мека коса? Точно, но ова фантастично масло има и поинаква примена. Можеби сте збунети од сите тие масла, бидејќи не знаете кое да го користите, но она што е добро да се знае е тоа дека со аргановото масло никогаш не можете да погрешите, бидејќи може да го користи секој тип на кожа.

 

 

Еве зошто ова масло треба да се наоѓа на вашата полица:

 

Преполно со одлични состојки

 

Аргановото масло содржи многу високи количини на незаситени масни киселини, како линолеинската киселина, која ја штити и регенерира кожата. Го спречува сушењето на кожата и го регулира балансот помеѓу водата и липидите во хидролипидниот слој на кожата, што влијае и врз еластицитетот. Кожата е помека и позатегната.

 

Ја влажи дури и најдехидрираната кожа

 

Лупењето на кожата ви оди на нерви? Аргановото масло брзо ги решава проблемите на дехидратацијата и црвенилото, бидејќи има противвоспалителни својства. Ако се плашите било што да ставите на кожата, бидејќи таа веднаш реагира, пробајте го ова масло.

 

Го контролира себумот и не ги затвора порите

 

Ако имате масна кожа, секако дека ќе одбиете да ставите масло на лицето од страв да не ја измастите уште повеќе. Но, без оглед на тоа што се работи за масло, аргановото масло многу добро го регулира себумот и не ги затвора порите. Покрај тоа, брзо се впива и не соатав масни дамки на перницата.

 

Делува врз брчките

 

Немате anti-age серум при рака? Аргановото масло и тука може да послужи, бидејќи содржи големи количини витамин Е. Тој е најсилниот биолошки антиоксиданс кој го спречува делувањрто на слободните радикали на кожата. Кажано накратко – ги одложува брчките.

 

Може да се користи и денски

 

Ден, ноќ, не е важно, затоа што ова масло е одлична замена за хидрататантната крема или за богатата ноќна крема. Измешајте капка арганово масло во својата течна пудра. Ефектот ќе ве воодушеви.

 

Делува врз лузните

 

Во комбинација со некое етерично или друго природно масло, аргановото особено ногу може да ја намали видливоста на лузните, но само доколку се користи упорно и редовно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина