Во последно време како постојано сите околу нас да се зафатени и повеќе никој нема време за хоби. Независно од тоа какви се обврски имате, обидете се малку да размислите дали навистина сте толку зафатени како што мислите?

Хобито помага за подобро организирање на времето

Паркинсоновиот закон вели дека “работата се шири со цел да се потполни времето расположливо за негово завршување”. Кажано со други зборови, за завршување на одредена задача потребно ви е онолку време колку всушност имате на располагање. Ако ви се случи вечерта која е пред вас да ви е слободна без многу обврски, голема е шансата до доцните часови да,, висите,, над онаа ситница која сте морале да ја завршите. Од друга страна, таа вечер да сте морале да одите на состанок на вашиот клуб на љубители на книги (или на нешто друго) големи се шансите таа една задача да ја сработите за многу помало време. Поради тоа се чини дека хобито всушност може да ,,создаде,, дополнително време, бидејќи поттикнува ефикасност.

 

Хобито ја поттикнува ефикасност

 

Опкружени со голем број електрични апарати, честопати се одлучуваме на т.н. пасивно слободно време – гледање телевизија или сурфање на Интернет често се на врв од нашата листа на попис на активности. Секако дека одвреме-навреме потребен ни е ваков одмор. Меѓутоа, активното слободно време за повеќето луѓе е многу покорисно. Кога ќе се ,,загубиме,,во некој спорт, уметност или некоја друга предизвикувачка активност, ни се чини како времето да лета, бидејќи во целост сме задлабочени во моменталната активност. Хобито, посебно она кое ни ги јакне нашите вештини, е најдобро за постигнување на оваа многу посакувана состојба.

Хобито може да создаде нови познанства

Иако некои хоби се наменети исклучиво само за еден човек, многу од нив ќе не натераат да излеземе од домада запознаеме други луѓе (кои инаку не би ги запознале), да ја поделиме со нив нивната страст и да изградиме нови пријателства. Безброј научни студии докажале дека токму општествените врски се клучна компонента за среќен и исполнет живот, а хобито е еден од начините со кој можеме да создадеме нови познанства и пријателства.

 

Хобито не прави интересна личност

Поради хобито секогаш ќе имате за што да раскажувате со пријателите и познаниците. Хобито додава дополнителни слоеви на вашиот идентитет и ја збогатува сликата која ја имате за себе. Луѓето сакаат да бидат опкружени со страсни и љубопитни луѓе кои секогаш имаат да раскажат нешто интересно. Кога имате богат и активен живот нема само вие да се чувствувате инспирирано, туку така ќе ги инспирирате и другите.

 

Хобито ви помага да се носите со стресот

Сте имале тежок ден во канцеларијата и само што сте доживејале строга критика од својот шеф. Одењето дома и палењето на телевизорот може ќе ви даде краткотрајна дистракција, но нема директно да му помогне на вашето “повредено” его. Замислете наместо тоа да сте заминале на фудбал со пријателите – оваа активност е повеќе од дистракција. Таа ве потсетува дека постојат разни аспекти од вашиот поим за себе. Ако успеете да одвоите еден час дневно за нешто навистина што ве исполнува, немој да се зачудите ако полетот кој го чувствувате почне да се ,,прелева,, и на вашата работа и семејни обврски.

Тагови: разнохоби
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина