1. Оддржувајте хигиена на забите

Шпанските научници откриле причинско-последична врска помеѓу болестите на забите и алопецијата (делумно опаѓање на косата). Тие сметаат дека во борбата против причинителите за инфекциите на забите, организмот ги уништува и клетките од кои се формира косата.

2. Ослободете се од габичките и перутот

Перутот предизвикува габички кои го поттикнуваат нагласениот раст на клетките на кожата од скалпот. Одамна е докажано дека цинк пиритонот и кетоканазолот ги уништуваат овие габички, поради што овие две материи се задолжителни состојки на шампоните против перут. Но, најновите истражувања покажуваат дека кетоконазолот исто така го зголемува обемот на влакната за 8,46%.

3. Зголемете го вносот на железо во организмот

Една од последиците од недостиг на железо во организмот е и тенката коса. Месото е најдобриот извор за овој минерал, но 30% од дневниот внос потекнува од други намирници, како што се лебот, житарките и зелениот лисјест зеленчук. Со оглед на тоа дека нашиот организам не може доволно ефикасно да ги апсорбира минералите од овие намирници, треба да се консумира во комбинација со извори на витамин Ц, кој значително ја поттикнува апсорпцијата.

4. Користете суви шампони

Ако имате масна коса, не мијте ја пречесто, бидејќи ќе ја исушите. Наместо тоа, стручњаците препорачуваат да ја третирате кожата на главата со препарати го впиваат вишокот маснотија (со суви шампони).

5. Земајте здрави маснотии

Жените кои не земаат доволно маснотии често имаат слаба коса. Скалпот се храни со маснотиите кои настануваат во коренот, па затоа, ако исхраната ви е сиромашна со корисни аминокиселини (омега-3), косата ќе ги загуби сјајот и еластичноста.

6. Немојте да ги скубете белите влакна

На тој начин ќе ги оштетите фоликулите на влакната. Освен тоа, влакната кои повторно ќе почнат да растат ќе бидат посилни и повоочливи, што сигурно не сакате да се случи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина