Некои намирници би можеле многу да ви го подобрат здравјето, а некои би можеле поптполно да ви го уништат денот доколку не внимавате. Дури можат и да ви го скратат животот. Но секако, потребно е многу време за тоа да се случи и да претерате со нивната конзумација за да се отруете. Во продолжение се тие намирници.

naslovna_truenje

1) Вишни

Вишните секако без коски не се опасни, ама ако во некој случај ја изедете и нивната коска нема убаво да си поминете. Коските од вишната се полни со цијановодородна киселина, која е екстремно отровна.. Коските во никој случај не би требало да се јадат, бидејќи се полни со хемикалии кои ја оштетуваат слузокожата на желудникот. Овие оштетувања доведуваат до зголемено излачување на желудочната киселина што доведува до разни гастроенеролошки проблеми. Едноставно, само немојте да ги грицкате ниту голтате коските и се ќе биде во ред.

2) Див бадем

Научниците неодамна открија дека оние кои грицкаат бадеми во текот на денот јадат помали оброци, Ние го конзумираме слаткиот бадем, а не дивиот бадем кој има горчлив вкус, а освен тоа и содрж цијанид. За среќа, со овој бадем не се доаѓа лесно во контакт. Но, ако се најдете во природа и здогледате зелен бадем, немојте да го јадете. Многу посигурно е да конзумирате домашен, сладок бадем кој може и да се најде на пазарот со јасна етикета, како и јасно назначен рок за употреба и чување.

3) Јаболки

Тешко дека може нешто страшно да ви се случи доколку ги изедете семките на една или две јаболки, но ако ги изедете семките од повеќе јаболки, нема да биде добро. Ензимите во вашето тело ги трансформираат соедниненијата во семките во цијанид. Овошјето се почесто се прска и затоа неговите семки се отровни. Ако ги јадете, смеат да се консумираат само истолчени или измелени, а никако во свеж облик.

4) Домат

До 1800-тата година повеќето од луѓето во САД сметале дека патлиџанот е отровен. И донекаде биле во право. Доматот и припаѓа на фамилијата велебилја, отровни билки кај кои листовите се отровни. За секој случај, нутриционистите не советуваат да не се претера со неговите количини.

5) Грав

Од овој производ може да се отруете само во случај да не го подготвите доволно добро гравот, бидејќи во овој случај вашето тело ќе биде полно со токсична материја наречена фитохаемаглутинин. Ако гравот е добро сварен, оваа материја ќе биде неутрализирана.

Тоа значи дека недоволно термички обработениот грав е отровен, но не и смртоносно отрвен. Ако се јаде во сиров облик, може да предизвика дијареа и мачнина кои може да потраат и до неколку дена.

6) Компир

Не би требало да конзумирате зелен компир. Пред се, има неубав вкус, но богат е и со соланин, кој ќе ве тера да повраќате и кој, доколку продолжите да го конзумирате, може да предизвика срцев застој. Совет од нутриционистите е дека зелениот компир никако не смее да биде на чинијата, исто како и оној со црни дупки и точки. Тие треба да се отстранат и после да се конзумира компирот.