Истражувањата велат дека една просечна личност секој ден внесува во себе вишок шеќер во вредност од неверојатни 300 калории! Америка по ова прашање стои уште полошо – просечен Американец секој ден внесува во себе 700 дополнителни калории во вид на шеќер.

 

И тука не се вбројуваат само очигледните нешта, како што се колачи, газирани пијалоци, чоколатца, туку и намирници кои звучат здраво (како на пример овошнен јогурт, дресинг за салати, прелив за паста и сл.). Официјалната препорака на Светската здравствена организација гласи дека жените смеат да внесат шест и помалку лажики шеќер дневно, што е околу 25 грама или 100 калории. Повеќето од нас секој ден внесуваме шеќер кој не само што не ни е потребен, туку и ни штети – се покажало дека оние кој секојдневно внесуваат повеќе шеќер отколку што им е потребен патат од анкциозност, депресија и многу други состојби.

 

Кога ќе решите да го исфрлите вишокот шеќер од исхраната, ќе ви се случат следниве нешта:

 

 

Срцето ќе ви биде благодарно

 

Кога ќе престанете да внесувате вишок шеќер, значително ќе ја намалите процентуалната можност срцевите проблеми да ве однесат во прерана смрт. Додадениот шеќер го подига нивото на инсулин во крвта, го зголемува притиоскот и го забрзува пулсот. А за само неколку недели намалено консумирање шеќер, ќе го намлите лошиот холестерол за 10%, а триглицеридите за 20 – 30% – вели кардиоваскуларниот хирург Џејмс Диниколантонио.

 

 

Заборавете на проблемите со кожата

 

Ако сте во средни години, а се борите со акните и мозолките како некој средношколец, знајте дека со губењето на вишокот шеќер ќе се загубат и тие.

 

 

 

Ќе го спречите дијабетесот

 

Консумирањето на вишок шеќер доведува до создавање вишок масти околу црниот дроб, а тој вишок придонесува за инсулинска резистенција иотежнување на работата на панкреасот. Дијабетесот тип 2 е најчест кај оние кои претеруваат со консумирањето на шеќер.

 

 

Повеќе нема да се смеете на сила

 

Да, кога ќе започнете да се откажувате од шеќерот, веројатно ќе бидете понервозни. Но, кога ќе поминат ударните 14 дена, ќе почнете да се чувствувате подобро од кога било. Истражувањето кое било спроведено на универзитетот Колумбија покажало дека оние жени кои консумираат премногу шеќер се склони на анкциозност, иритантност и нагла промена на расположението.

 

 

Ќе спиете тогаш кога е време за тоа

 

Вообичаено, некаде на средина од пладнето ве фаќа желба за нешто слатко. А, кога ќе ја задоволите, само можете да дремнете некаде. Покрај тоа, додаденот шеќер предизвикува зголемено лачење на кортизол. Кога ќе го исфрлите шеќерот, ќе имате многу повеќе енергија и тоа избалансирана, во текот на целиот ден. И кога ќе дојде време за спиење, навистина ќе заспиете, без да имате проблеми со несоница.

 

 

Конечно ќе се ослободите од последните 5 килограми

 

Токму тој додаден шеќер ќе спречува во губењето на тие неколку клучни вишок килограми. Доволно е дамо да ги исфрлите од исхраната неколкуте стотина калории дневно кои потекнуваат од омилената чоколада и за половна година ќе ослабнете 5 килограми, а тоа нема ни да го почувствувате.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина