Истражувањата имаат покажано дека одредена храна повеќе му користи на човечкиот организам. А овие шест намирници ви помагаат да го зајакнете организмот и подобрите имунитетот.

 

Јогурт

 

Редовното консумирање добри бактерии кои се наоѓаат во јогуртот делуваат полезно на здравјето на цревата и на целиот имунитет. Студијата на Универзитетот во Виена покажала дека 2 дл. јогурт на ден ги зголемуваат резервите на витаминот Д, што исто така го намалува ризикот од воспаленија.

 

Кокошкина супа

 

Таа не го лекува само воспаленото грло, туку му овозможува на организмот хидратација. Изобилува со нутритиенти, кои го активираат имунитетот. Најважен ефект од кокошкината супа е исфрлањето на секретот од бронхиите.

 

Печурки

 

Печурките се богати со селен, Б витамин и антиоксиданси, а студиите покажуваат дека го поттикнуваат производството на бели крвни зрнца, кои се задолжени да се борат против вирусите и бактериите. Можете да ги јадете во салати, со тестенини, со јајца, на пица или со месо – важно е само да се јадат.

 

 

Брокула

 

Овој супер зеленчук изобилува со витамините А и Ц и со антиоксиданси. Најдобро е да се јаде кога е само малку обарена во врела вода, иако може да се јаде и сирова, како додаток во разни салати.

 

Сардини

 

Сардините се богати со омега-3 масни киселини, кои докажано го намалуваат ризикот од настанок на разни воспаленија во телото, јакнејќи го организмот. Освен сардините, одличен избор се и туната и лососот. Во сезоната на грип треба особено многу да се консумира риба.

 

Чај

 

Најдобро да се одлучите за зелен или црн чај, кој изобилува со полифеноли и флавоноиди, кои ги уништуваат слободните радикали. Катехините од чајот дури докажано ги убиваат вирусите и делуваат налик на интерферонот. Во сезоната на грипови треба да се засили консумирањето на чај на по две шолји дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина