Луѓето често имаат нездрави навики, со кои несвесно си го нарушуваат здравјето, дури и ако се хранат правилно. Здравата исхрана е клуч за здрав живот, но само тогаш кога ја следат здрави навики. Затоа немојте и понатаму да грешите, ако по оброкот сте навикнати да го правите ова:

 

Јадете овошје

 

Ако е овошјето дел од оброкот, тогаш неговите јагленохидрати, влакна, витамини и ензими ќе ви бидат добродојдени. Ама, ако посакате да го јадете на полн стомак, организмот многу потешко ќе го свари.

 

Пиете чај

 

Танините од чајот ја попречуваат апсорпцијата на железото во организмот, со што ја спречуваат и неговата максимална искористивост, а можат да влијаат и на падот на нивото на овој толку многу важен минерал. И покрај здравата исхрана, оваа лоша навика може да ве чини слаба анемија, чии симптоми се замор, слабост, вртоглавица и лоша циркулација.

 

Пиете сок, особено газиран

 

Иако многумина мислат дека малку меурчиња ќе им го растоварат желудникот по обилното јадење – факт е дека течноста само ќе ги разложи желудочните сокови и со самото тоа ќе го забави варењето. Стручњаците велат дека по јадење е најдобро да се причека со консумирање со каква и да е течност.

 

Палите цигара

 

Пушењето никако не може да се вброи во здрава навика, а посебно не кога се пали цигара веднаш по јадење. Оваа навика му ја одзема на организмот важната количина на кислород, која е неопходна за правилно варење на храната, а телото тогаш апсорбира многу повеќе канцерогени материи од чадот на цигарите.

 

Се туширате

 

Ако ви се брза, па по јадење планирате набрзина да се истуширате пред да излезете, размислете малку околу тоа. Додека се тушираме со топла вода, температурата на телото малку расте, па нашиот организам добива сигнали дека малку повеќе крв испраќа кон кожата, а не кон желудникот, на кој квалитетен проток на крв му е потребна за подобро варење.

 

Легнувате

 

Ако се уште не знаете зошто не е добро да се смири организмот по јадење, сетете се дека за одделни видови намирници потребни се малку повеќе активности и време за да се разградат. Со спиењето само уште повеќе ќе го забавите тој процес, а не е исклучено дека ќе се разбудите со желудочна киселина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина