Бицепсот е мускул кој ја зазема предната страна на надлактицата, со 1/3 од вкупната маса на надлактицата. Се состои од 2 глави: долга глава и кратка глава. Примарна задача на бицепсот е флексијата во лактот, односно приближување на подлактицата кон рамото. Секундарна задача на бицепсот е супинацијата, односно внатрешна ротација во лактот т.е. Движење кое дланката од положба во која е свртена надолу ја носи во положба во која гледа нагоре.

Со оглед на тоа што силните бицепси пртставуваат можеби и најатрактивна мускулна партија, за која копнеат сите мажи, нормално е што во теретаните најголем метеж има токму на справите за вежбање на оваа мускулна група, како и тоа дека огромен број почетници ги вежба бицепсите на секој тренинг. Поради сето тоа, фанатичната желба за зголемување и јакнење на бицепсите води до низа големи грешки, меѓу кои овие шест посебно се издвојуваат.

6. Користење инерција

Ако сакате да го поттикнете растот на мускулите, тогаш тој треба самиот да се поттикне на работа. Наведнувањето кон напред и нишањето на телото, кое овозможува лесно исфрлање на тежината, се вистински начин за елиминирање на самиот напредок на бицепсите.

5. Наведнување наназад

Со наведнувањето на грбот наназад, не само што не ги вежбате на прав начин бицепсите, туку овозможувате да го повредите долниот дел на грбот, односно самата половина. Покрај тоа, се кинат мускулните влакна и така се предизвикува раст на мускулите само ако работат под полна тензија и ако се предизвикува нивна полна контракција, што во овој случај дефинитивно не е возможно.

4. Подигање со рамењата/лактовите

Некои вежбачи мислат дека е полесно да се стиснат бицепсите ако се исфрлат рамењата и лактовите нанапред, што едноставно не е вистина. Буквално тоа води до активирање на предните делтоиди, што пак ја намалува тензијата на бицепсите и ја намалува нивните контракции.

3. Искривување на подлактиците

Многу честа појава е вежбачите, за време на изведувањето на искривувањето на бицепсите, да постигнуваат посилна напумпаност на самите подлактици наместо на бицепсите. Тоа е грешка во техниката на изведувањето, бидејќи порано прво се правела контракција на подлактицата, па дури потоа на бицепсот, што е сосема погрешно.

2. Вежбање на бицепсите после лактовите

Некогаш и самиот распоред на вежбите може да биде фактор кој го елиминира напредокот на одредени мускулни групи. Таков е случајот со бицепсите, кога се тренираат после latissimus dorsa или, накратко, после лактовите. За самото вежбање на овој дел од грбот, неопходно е учеството и на бицепсите, чии влакна во тој случај се повлекуваат. Ако за време на истиот тренинг се обработат и други вежби за и онака уморните бицепси, под знак прашање се доведува нивното зголемување на масата.

1. Игнорирање на негативните повторувања

Негативните контракции делуваат фантастично во правец на постигнување хипертрофија на мускулите, а која подоцна води до подоцнежно зголемување на силата и на самиот обем на мускулот. Поради тоа не треба никогаш да се игнорира. Доколку се забави спуштањето на теговите и негативното повторување би се развлекло во траење од 3 до 4 секунди, тогаш бицепсите (но и сите други мускули кои се вежбаат на тој начин) ќе бидат во можност да остварат повеќе бенефиции во својот напредок.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина