Повеќето луѓе знаат дека ако не се заштитат за време на секс, можат да се заразат со некоја полован болест. Но, малкумина од нив знаат дека истото тоа може да им се случи и на други места, кои немаат никаква врска со сексот.

Балзам за усни

Постојат два вида на херпес симплекс – тип 1- орален и тип 2 – генитален. Балзамот за усни е за лична употреба и не треба да се дели ниту со најблиските. Важно е да се укаже и дека треба да се одбегнуваат тестерите од шминките по продавниците.

Брада

Можеби брадите се во тренд, но тие се исто така одлична подлога за бактериите, габите и веќе споменатиот херпес. Густите бради може да ја скријат состојбата на кожата, па затоа треба посебно да се оддржуваат.

Депилација со восок

Посебно е важно да се обрати внимание на депилацијата на бикини зоната. Ако восокот и другиот прибор не се во добра состојба и се за еднократна употреба, може да постои можност за зараза. Исто така, отстранувањето на големи количини влакна може да доведе до малечки ранички, кои лесно се инфицираат.

Солариум

Ултравиолетовата светлина во солариумите не ги убива бактериите. Ако во салоните не се оддржува хигиената на овие површини, може да дојде до заразување со бактеријата Стафилококус, која може да доведе до инфекции на кожата, ХПВ вирус и херпес. Подобра опција е самопотемнувањето или сончањето во безбедни часови, како и користењето креми со висок заштитен фактор.

Тетоважи и пирсинг

Ако веќе се решите на овој чекор, појдете кај проверен мајстор, бидејќи покрај добивањето на сексуално преносливи болести, постои можност да се заразите и со хепатитис Б или Ц, па дури и со ХИВ. Хигиена при работењето, користењето на ракавици и стерилни инструменти се основните услови коишто ваквите места треба да ги исполнат.

Секс на суво

Кога двајца се се уште облечени, а се во фаза на предигра, исто така постои можност за пренос на патогени, иако нема телесни течности, и пенетрација, постои можност инфективниот материјал, во зависност од количината, да се пренесе преку инфекција. Внимателно доколку имате некаква раничка или исеченица.

Добра вест е дека погореопишаните места и начини на зараза се редок случај на заразување, но сепак се можни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина